
Во далечната 1983 година, магазинот Playboy ја спроведе една од најголемите сексуални студии. Работите од тогаш многу се променети благодарение на напредокот на интернетот. Поради тоа овој магазин спроведе уште една студија, надевајќи се дека ќе дознае колку појавата на компјутерите го променила сексуалниот свет.
Во повеќегодишната анкета учествувале 1.074 луѓе, од кои 35% неможеле да одлучат дали попрво би се откажале од сексот или од интернетот. Дали навистина дошло до тоа? Уште од појавата на апчињата, се немало појавено такво средство кое ќе влијае на спојување на луѓето.
Во овогодинешното истражување на Playboy собрани се одговори од 8002 мажи и 2001 жени кои го посетуваат нивниот сајт. Потоа компанијата Харис резултатите им ги презентирала на останатите Американци (кои не го посетуваат сајтот на Playboy), за да ги научи на тоа како денес мажите и жените го доживуваат сексот, а особено каква е улогата на технологијата во тоа.
Секако, гледиштето кон сексот многу се променило од 1983 година, особено со појавата на Вијаграта и сидата. Но сепак, собрани се и многу податоци кои го покаживаат големото влијание и на интернет порнографијата.
Дури 78% од испираниците денес гледаат филмови за возрасни, додека во 1983 година тој процент изнесувал 40%. И двата пола маструбираат почесто доколку подолго време немале секс. Пред 28 години не се поставувало прашањето за депилирање на интимните делови, додека денес повеќе од половината од испитаниците водат грижа за "фризурата" на долните делови на телото. Исто така сексуалните пози: жената да биде од горе, секс одпозади... сега многу се практикуваат бидејќи многу ги има во порно филмовите.
Дали ви се потребни уште докази?
Денес луѓето повеќе сакаат да се снимаат за време на сексуален однос, а сакаат тоа да го прават и на јавни и ризични места (денес се преферира 76%, а во 1983 беше 34%.