
Иако оргазмот е многу важен за време на сексуалниот однос, за разлика од мажите, жените не го доживуваат секој пат. Зашто? за се е наводно крив мозокот. Ви ги откриваме 4-те работи кои може не сте ги знаеле за женскиот оргазам.
1. На жените им е потребно подолго време за да доживеат оргазам за разлика од мажите. Сексуалната анатомија на жените е нешто покомплицирана од таа на мажите. Жените имаат повеќе ерогени зони кои не делуваат еднакво на сите жени и се наоѓаат на различни места. За да доживеете оргазам потребна е права и детална стимулација.
2. Многу жени едноставно неможат да доживеат оргазам, тоа медицински се нарекува аноргазмија. Проблемот е најчесто псиолошки, а го предизвикува стресот и недостатокот на желба за секс но во некои случаи проблем се ерогените зони кои не се добро достапни или е многу тешко да се пронајдат и осетат. Но од друга страна постојат жени кои можат да доживеат повеќекратно задоволство за време на сексот, и оние кои до оргазам можат да дојдат само со сопствена стимулација.
3. Женскиот мозок за време на оргазам се исклучува. Луѓето оргазамот го опишуваат како губење на контролата, а истражувањата покажуваат дека женскиот мозок за време на оргазамот се исклучува. Силното задоволство делува на мозокот кој во извесна мера ја менува состојбата на свест.
4. Женска Виагра постои и делува. Исто како стимулативните таблети кои им помагаат на мажите за ерекција, постои и женска Виагра за жените кои не можат да доживеат оргазам,овие таблети им помагаат на жените да досегнат до тоа недостижно задоволство.