
Порнографијата зазема истакнато место во сексуалниот живот на мажите. Од почетокот на пубертетот, кога скришно се гледаа видео касети или срамежливо се купуваа еротски списанија во трфика, до денес, многу од тоа се промени.
Интернетот ги направи достапни сите оние содржини за кои се криевме порано. Но сепак на мажите никогаш не им е срам да зборат за тоа. Со гордост би признале дека со задоволство би гледале некој порно филм, често имаат и глумци за пример и омилени наслови, па дури и можат да ви препорачаат и листа од нивните омилени сајтови.
Дали порнографијата е само за мажи и каде се жените во оваа приказна? Каков е воопшто нивниот однос спрема таквите филмови?
Факт е дека порно индустријата е насочена најмногу за конзументите од машкиот пол. Затоа се се случува на брзина и пред да видите дека филмот почнал, сите актери веќе почнале со жестока акција. Ретко се сретнуваат филмови кои имаат некоја приказна, вовед односно предигра која на жените им е неопходна.
На прашањето "како би изгледал порнич за жени?" сите соговорници се сложиле со тоа дека всушност тоа би било еротски филм, оние кои имаат вовед, заплет и среќен крај. Она што недостасува за жените во ваквите филмови е моментот на заведување, идејата дека мажот ја освоил жената пред таа со него да отиде во кревет.
Дали жените се деградирани во порно филмовите?
Начинот на кој се однесуваат спрема нив никако неможе да се поврзе со романтика или нежност. Фокусот е на задоволување на мажот, додека жената е само објект. Оралниот секс може да трае вечно, а кога ќе дојде ред да се задоволи жената, се се завршува за неколку секунди.
Женскиот оргазам во поголемиот дел од филмовите е небитна работа. Сепак порно глумиците се многу повеќе платени од своите машки колеги и многу добро знаат зашто се занимаваат со оваа работа.
Исто така, јасно е дека ликовите кои ги играат немаат многу голема врска со реалноста.
Но дали тие биле глумици или не, сепак изгледа како да е потребно да се вложи надчовечки напор во некои работи кои тие ги прават. Дали девојките може да имаат проблем ако нивните дечковци го бараат истото од нив?
Мажите своите први познавања за сексот ги стекнуваат баш од порно филмовите. Благодарејќи на бројните категории кои постојат, тие формираат вкус и афинитети и откриваат што ги возбудува. Подоцна некои од тие работи ги применуваат во односот со своите девојки, а од девојките зависи до која граница сето тоа ќе оди.
Многу често може да се слушне дека порнографијата не ги возбудува жените. Со оглед дека во прашање е табу тема, пред се се работи за тоа дека се срамат да признаат. Тоа го побиваат и некои нови истражувања кои докажале дека порно филмовите ги возбудуваат жените исто како и мажите. Само разликата е во афинитетот. Жените повеќе ги привлекуваат "меки" филмови кои имаат и некој заплет.
Особено денес, во ерата на сингл жени, не е можно да се поверува дека навистина баш никогаш жените не погледнуваат некој порно филм, ако ништо друго, барем да научат некоја нова поза или финта.
Исто така и девојките кои се во врска можат на овој начин да го освежат својот сексуален живот. Ниеден дечко нема да се буни ако неговата девојка го изненади со некоја нова поза или техника.
Неоспорно е дека жените ги стигнуваат мажите на сите полиња па и на сексуалното. Во Фебруари оваа година, еден холандски канал , прв во Европа, почнал да емитува порно филмови само за дами. После опширното истражување на пазарот, дојдено е до заклучок дека повеќе од половина Холанѓанки гледаат порно и еротски филмови, додека 78% од нив се изјаниле дека би сакале да постои некој канал со таква содржина наменет исклучиво за нив.