
Во што е тајната на успешните врски? Сузан Килијам, психолог, открива неколку едноставни работи кои можат да ја продлабочат врската и да ја направат успешна.
ВРЕМЕ
Без квалитетно поминато време, вашата врска нема да опстане. Одвојте најмалку пола саат навечер или барем еден ден во месецот кога ќе бидете сами.
ПОСТИГНЕТЕ КОМПРОМИС
На двајцата ви е потребна сигурност. Основата на добрата врска е компромисот.
ЗАВИСНОСТ И НЕЗАВИСНОСТ
Одржавајте рамнотежа помеѓу зависноста и независноста. Кажете му и покажете му на вашиот партнер кога ви е потребен но не му се обесувајте околу врат, затоа што така ќе се добие впечаток дека е фатен во стапица.
ВНИМАНИЕ
Натерајте го да ве слуша, така што ќе му покажете колку го почитувате кога ве слуша со целото внимание. Исто така покажете интересирање за работите што тој ги кажува. Мора да знаете дека повеќето мажи не се ментално програмирани за разговор колку и жените. На нив им е потребно повеќе молчење.
ДА ВЕ ПОЧИТУВА
Натерајте го да ве почитува. Не очекувајте спонтани комплименти, туку кажете нешто убаво за себе и барајте од него да се согласи со тоа.
ОРГАЗАМ
Научете го, пожелно е на самиот почеток, точно како да би овозможи целосен оргазам, бидејќи мали се шансите да пронајде начин за тоа.
НАСМЕВКА
Научите една работа која навистина ќе има придонес во вашата врска - а тоа е да му насочите заљубена и воодушевувачка насмевка
ЗАСАКАЈТЕ ГИ НЕГОВИТЕ НЕДОСТАТОЦИ
Обично некоја ситница која на почетокот ве привлекувала, со текот на времето може да почне да ви смета. Научите да ги сакате неговите доблести и неговите недостатоци.
БИДЕТЕ ЗАДОВОЛНИ
Прикриеното незадоволство ја труе секоја врска. Затоа, ако нешто ви пречи кажете му веднаш.
КАЗНА И НАГРАДА
Казнувањето и критикувањето не ве водат никаде. Подобра тактика е да го пофалите кога работи нешто добро.
КУЌЕН БУЏЕТ
Парите се еден од главните причини за расправија. Затоа мора да научите да водите куќен буџет.
АКТИВНО СО ДЕЦАТА
Ако имате деца, максимално вклучете го во работата со децата, дури и ако мислите дека тој тоа не го прави правилно. Важно е пред децата да се претствите како обединет фронт.
СЕКС
Не дозволувајте сексуалниот живот да ви престане. Штом ќе почувствувате дека повеќе не е како некогаш, запрашајте се зошто и одма превземете нешто за да ја оживеете страста.
БЕЗ КОЛНЕЊЕ
Никогаш не се колнете дека нема да го изневерите вашиот сопруг.
ДОСАДА
Запомнете дека досадата е секогаш синоним за лутина. Ако чувствувате дека ви е досадно со него, запрашајте се зашто сте му лути.
ОСАМЕНОСТ КАКО "ВЕНТИЛ"
Имајте на ум дека мажите понекогаш ги облеваат емоци, многу повеќе од жените. Ако е лут или тажен, половина час да биде сам е доволно за да се врати во нормала.
РАСПРАВИЈА
Научите да се расправате. Трикот се состои во тоа што никогаш не кажувате нешто што не сакате на вас да ви го кажат.
5:1
Според некои истражувања, потребни се 5 позитивни искуства за да се заборави едно негативно. Затоа кажете пет комплименти после секој навредлив збор, пет пати нежно да се прегрнете после секоја расправија.
ПРИФАЌАЊЕ
Прифатете ги работите кои неможе да се променат. Некои особини се за цел живот и мора да се соочите со тоа.
ИЗВИНИ
Научете да опростувате
ПРОМЕНИ
Не заборавајте дека двајцата ќе се менувате како што поминува времето. Затоа, дури и ако мислите дека го разбирате или мислите дека некои работи сте ги решиле, барем еднаш годишно проверете дали некој од вас двајца го сменил мислењето за некоја многу важна работа.
БРАЧНО СОВЕРУВАЊЕ
Не мислете дека одењето кај брачен советник е знак за неуспех. Пред да го напуштите "военото поле" обидете се да ја спасите вашата врска и посоветувајте се со стручно лице.