
Истражувањата покажале дека врисоците на жената за време на сексот се еквивалент на машкиот комплимент "супер изгледаш во тие фармерки"
Жените за време на сексот испуштаат гласни звуци за да ги стимулираат мажите. Студијата објавена во списанието "Archives of Sexual Behavior" покажала дека оние на изглед неконтролирани извици во текот на женскиот оргазам всушност се чиста женска манипулација на мажите.
Американските научници Gejl Bruer и Kolin Hendri анкетирале 71 жена во старост од 18 до 48 години кои требало да одредат како жените го вокализираат својот оргазам и зашто, ако не го достигнале врвот, воздишуваат и викаат.
"Востановено е дека жените свесно го вокализираат односот за да го возбудат мажот" кажал Bruer.
На жените им се брза
Иако во статијата на Bruer и Hendri се користи фразата "женска манипулација на машкото однесување за корист", тоа не значи дека жените сакаат да бидат наградени и "платени" на пример дијамантски обетки.
Жените со викањето ги стимулираат мажите побрзо да го постигна врвот во сексот кога односот им е досаден, кога се изморени, нервозни или едноставно - немаат време.
Со други зборови, жените гласно го "доживуваат" сексуалниот однос кога не се премногу возбудени. Во случај кога се многу возбудени и кога оргазамот е неизбежен, оргазамот ќе биде многу тивок. Од тоа би излегло: што потивко, толку појак оргазам.
Викањето и вресоците се само тактика да се стимулира мажот, меѓутоа, таа исто така со тоа сака да му даде и комплимент на мажот.
Научени улоги
"На жените им е важно мажот да се чуствува сигурно и со гласни реакции ја подигнуваат неговата самодоверба", кажува Bruer.
Тоа не ја чуди Sharlin Muehlenhard, професор по линичка психологија на Универзитот во Канзас. Во студијата "Мажки и женски лажни оргазми" која ја објавила во списанието "Journal od Sex Reasearch", тврди дека мажите и жените играат улоги во сексот по многу поранешно напишано сценарио. "Мажот би требало да ја доведе жената до оргазам бидејќи со тоа го докажува квалитетот на неговата работа", смета Muehlenhard.
Бидејќи жената неможе да ејакулира, мажите мораат да се потпрат на некои други знаци од кои ќе дознаат дали успешно ја завршиле работата.
"Ние сме биолошки суштества", вели Muehleanhard."Биолошките причини во врска со произведувањето врева во сексот тешко е да се проучуваат, мораме да се обидеме тоа да го дознаеме проучувајќи го однесувањето на животните".
За жал, социјализацијата не значи дека лекциите кои ги учиме се точни. Истражувањата покажале дека мажите и жените мислат дека знаат што спротивниот пол сака, ама многу често не сме во право и, всушност само се надмудруваме и лажеме едни со други.