Научите да покажувате љубов без зборови

Pokazuvanje Ljubov

Кога ќе кажете "те сакам", тоа е совршен начин на некој да му ги покажете своите чувства кон него, но понекогаш делата кажуваат повеќе од збровите. Дознајте како да изразите љубов, а да не прозборите.
Било да е во прашање некој нежен збор, услуга или давање поддршка, вашето сочувство со партнерот ќе му остави впечаток дека е сакан и заштитен. Сочувствувајќи со саканата личност, и даваме дознаење дека е во ред да се биде ранлива и да се прават грешки.

Со оглед на тоа што повеќето мажи се лоши во изразувањето љубов со зборови, тие попрво се одлучуваат своите чувства да ги покажат со некој убав гест или поклон, па истото направете го и вие. На партнерот можете да му ја купите книгата за која веќе долго време збори, или карти за филм за кој знаете дека ќе му се допадне, а може да го изненадите и со вкусен оброк.

Околу 75% од комуникацијата меѓу луѓето се одвива на невербален начин, па затоа мимиките и движењата на телото кажуваат многу повеќе од тоа што сакаме да го кажеме. Во различни ситуации на вашиот маж поклонете му прегратки и бакнежи, за кои не е потребна посебна причина.

Ако и двајцата работите во текот на денот и немате можност да поминете заедничко време, пратете му на партнерот смс порака за да знае дека мислите на него додека сте раздвоени. Исто така можете однапред да подготвите кратки пораки напишани на листови, кои ќе ги ставите на место каде што сте сигурни дека ќе ги пронајде како што е неговата торба или новчаникот.

Најверојатно еден од најдобрите начини да му покажете дека ви е важен е внимателно да го слушате и за разговарате за работи кои го интересираат. Најчесто не сме свесни за гестови кои издаваат дека навистина го слушаме соговорникот само со половина внимание, а тоа може да ја повреди саканата личност.

Љубовта најдобро се одржува и расте ако е двострана, па затоа ако сакате да пружите љубов, мора да знаете и да ја примите. Ако партнерот ви каже дека ве сака, возвратете му, а ако ви ја отвори вратата или ви го соблече и причува капутот, насмејте му се и кажете му балгодарам зашто на тој начин и двајцата ќе се чувствувате сакано.


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport