
Научниците имаат неколку идеи каде би можеле и би требале да ги барате момците од вашите соништа и каде се најголемите шанси навистина да го пронајдете.
Девојки, ако веќе сте одлучиле ова лето да го пронајдете вашиот партнер од соништата имаме неколку совети каде би требало да го побарате. Новото истражување покажува дека најголема можност да наидете на здрав и задоволителен маж е во музеј или некоја галерија. Норвешките научници велат дека мажите кои редовно ја следат културната сцена се наоѓаат во подобра ментална и физичка форма од останатите.
Посетата на театар, концерт па дури и кино има добро влијание кај мажите, а го намалува ризикот од депресија и анксиозност. Докажано е дека влијае добро и кај жените, но не толку многу. Жените за да ги почувствуваат позитивните ефекти, тие мораат да учествуваат во случувањата, додека пак за мажите е доволно да набљудуваат.
Научниците истакнуваат дека е важно да се занимавате со креативни работи, за да можете многу полесно да ги издржите секојдневните стресови и обврски. Мажите кои успеваат во тоа се задоволни и нудат одличен материјал за врска.