.jpg)
Мислите дека жените глумат оргазам само затоа да го заштитат осетливото его на својот партнер? Е, па се лажете!Тие тоа го прават најмногу поради сопствената несигурност и страв од блискост, потврдило едно истражување.
Од прилика 60% од жените глумеле оргазам за вереме на пенетрациски или орален секс, тврди др. Ерин Купер од американскиот Универзитет "Temple".
"Знаеме дека тоа преовладува во нашата култура, ама не знаеме многу за тоа од научно гледиште. За мене е тоа вистинска катастрофа", изјавила др. Купер за "Live Science"
Во истражувањето учествувале 366 жени во возраст од 18 до 32 години кои признале дека прибегнуваат кон глумење оргазам, а одговарале на прашања за своите сексуални навики.
Многу од овие жени признале дека глумеле бидејќи им било страв од интимноста, а некои признале дека глумат бидејќи се несигурни дека се добри во кревет или затоа што сакаат самиот чин на сексот за заврши што побрзо. Мал број одговориле дека тоа го прават за да го подобрат сопственото сексуално искуство.
"Овој мал број на жени кои признале дека глумат оргазам за да го зголемат своето возбудување всушност имаат поголемо ниво на сексуално задоволство", истакнува др.Купер.
Меѓутоа, жените кои глумат оргазам бидејќи се плашат од интимноста тоа го прават со цел да ги држат мажите на сигурна одалеченост. А ако се срамат од својата сексуална умешност, тогаш глумењето оргазам едноставно е начин за спасување на сопственото его.
"Жените кои тешко остваруваат интимни односи со други луѓе на емотивно ниво, изгледа, тешко остваруваат интимни односи и на сексуално ниво. Меѓутоа, уште не знаеме дали е тоа причина или последица", кажува др Купер.
"Жените кои глумат оргазам само затоа што сакаат што побрзо да го донесат до крај самиот чин на сексот, тоа го прават затоа што имаат проблем со зближувањето. Не чуствуваат доволна поврзаност со партнерот, а самиот секс не им причинува големо задоволство", кажува др. Купер