Откриен е клучот за подобар секс

Dobar Seks

Според американските научници, луѓето кои имаат подобри комуникациски способности и ги разбираат емоциите на другите луѓе, воглавно имаат и подобар сексуален живот. Личните особини, како што се самодовербата и независтноста исто така играат голема улога.

Како луѓето комуницираат меѓусебно и ги слушаат другите луѓе, влијае на нивното сексуално здравје и задоволство. До тој заклучок дошла студијата која анализирала податоци на околу 3200 студенти на возраст од 18 до 26 години. Испитаниците одговарале на прашања кои го мереле нивното ниво на автономија, самодоверба и сочувство, заедно со нивното сексуално здравје и задоволство.

Експерите, автономијата ја дефинирале како сила да ги следите личните верувања, дури и кога се во спротивност со конвенционалните верувања.

Самодовербата е верување во сопствените вредности и се зголемува со текот на годините, додека сочувството е способност да се ставите во туѓа позиција, да ги видите работите од другата страна и да ги разберете емоциите на другите луѓе.

Резултатите покажале дека оргазам воглавно или секој пат доживуваат 87% од мажите и 47% од жените.

Мажите повеќе уживале при орален секс со партнерките, но не и жените.

Експертите укажуваат дека резултатие се такви поради тоа што повеќето млади мажи ја сакаат секоја активност која на саканата личност ќе и овозможи задоволство. Исто така резултатие покажале и големи разлики меѓу мажите и жените во поглед на три критериуми за сексуално задоволство (фреквенцијата за постигнување на оргазам, нивото на уживање и примање на оралнниот секс).

Повисокото ниво на самодоверба, автономија и задоволство се поврзуваат со поголемото задоволство на жената, додека кај мажите најмногу влијаела емпатијата.

Јасно е дека емпатијата е клучот за добар секс, бидејќи сочуствителните поединци кои посветуваат внимание на потребите на партнерот, го добиваат истото за возврат.

Тоа што е занимливо е што емпатијата во периодот на адолесценција опаѓа и тоа може да влијае на сексуалното задоволство. Жените всушност имаат повеќе сочуство, а помалку самодоверба од мажите.

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport