
Момци, мислите дека девојките се "палат" само на мачо фраери? Тоа всушност и не е така, бидејќи постојат и некои други работи кои се на врвот на листата на посакувани. Ова се едни од најважните.
Девојките навистина сакаат дотерани момци. Доколку имате стил и се грижите за себе, тоа значи дека ќе умеете да се грижите и за нив. Валкани чевли и мрсна коса се одличен начин да ги избркате од себе. Иако веројатно ќе го примети вашиот добар часовник и убавото одело, не е пожелно премногу да се расфрлувате со пари. Затоа, одберете квалитетни модни парчиња, кои нема да бидат премногу скапи, но затоа вас ќе ви прилегаат одлично.
Одличната смисла за хумор нив им е навистина важена. Ако успеете да ги насмеете, тоа нема да ви го заборават. Жените и девојките се соочени со премногу обврски и проблеми, затоа пред се' потребен им е весел дух покрај себе. Исто така, ако умеете да се пошегувате на ваша сметка ќе откриете дека сте отворени и задоволни.
Покажете им дека навистина ви значат. Држете ја за рака, бакнете ја и кажете и дека ја сакате. Не покажувањето на посветеност укажува на тоа дека не сте задоволни во врската.