
Иако во просек потребни им се 3 месеци на машките, но сепак тие се првите кои го изговараат волшебниот збор "те сакам", но дали треба да им се верува...
Истражувачите од Универзитетот во Масачусетс имаат направено студија која покажала дека машките често ја изговараат онаа фраза во почетните стадиуми на врската, но сепак женските повеќе ги сакаат машките кои чекаат нивната врска да стане навистина сериозна, па дури тогаш да кажат "Те сакам".
Студијата покажала дека машките им изјавуваат љубов на своите партнерки по истекувањето на 97 дена, а тоа е 6 недели порано од женските кои би го направиле тоа.
Повеќето машки би сакале овие волшебни зборови да ги слушнат од своите партнерки на почетокот на врската, бидејќи тие тоа го гледаат како знак дека женското сака да има сексуални односи со нив.
Додека пак, женските чекаат да му кажат на својот партнер дека го сакаат, затоа што тоа симболично претставува дека врската е на пат на развиток во формален однос и можеби некој ден крунисан со брак и нивниот партнер да биде нејзин маж и татко на нејзиното дете.