Зошто сонуваме дека имаме секс со други луѓе?

Erotski Sonovi

Во совршен свет, соновите би требало да го претставуваат животот во најдобро светло. Многу сме богати и успешни, имаме магични моќи и спиеме со напосакуваната личност кога и да посакаме. Наместо тоа, често сонуваме дека сме во јавност без облека, парализирани од страв или да имаме секс со луѓе кои едвај ги познаваме во стварниот живот.

Ова последното е назбунувачко и не меже а да не се запрашаме да е во прачање некоја скриена желба за таа личност, длабоко всадена во нашата подсвест.

Секогаш се чуствуваме вознемирено и помалку посрамотено кога во стварниот живот ќе се сретнеме со предметот од нашите еротски сонови, како да е тој/таа свесна за својата улога во нашите ниќни фантазии.
Ама ако сме навистина толку згрозени од идејата да имаме секс со овие луѓе и самата помисла на тој чин да не прави да се чуствуваме неудобно кога сме будни, се наметнува прашањето: зошто воопшто имаме еротски сонови за луѓе со кои не сакаме да имаме ништо во реалниот живот?

Скриената желба е само една од можностите

Постојат бројни теории за тоа заошто одредени луѓе, места и предмети се појавуваат во нашито снови. Фројд сметал дека соновите се форма на неисполенти желби-со други зборови, ја искажуваат нашата потисната желба. јунг повеќе се посветил на колективната подсвест, застапувајќи теорија дека нашите сонови пткнуваат од заеднички архетипи и симболи. Психологот о психијатар Фриц Перлс ги гледал соновите и се во врска со нив како продолжеток на нас самите. Со оглед на фактот дека анализите на соновите може значително да варираат во зависност од школата или мислењата кои ги следиме, сексуалните сонови исто така често различно се интерпретираат.
Др. Џилијан Холовеј ми сли дека постојат и други фактори, покрај несвесната желба која ги инспирира нашите соништа. Таа нуди 3 потенцијални можности зошто сонуваме за луѓе кои нас не не привлекуваат.

Првата можност е дека таа личност можеби ги претставува карактеристиките кои се обидуваме да ги развиеме во сопствената личност. На пример, ако сонувате дека имате секс со Џим од сметководствениот сектор, урнебесно забавен. ама ни малку не е привлечен-можно е дека ви недостасува смисла за хумор. Втората можност се јавува ако е во прашање личност од која ви се дига косата во стварниот живот и може да се однесува на предупредување дека правите избор во животот кој не е добар за вас. Последната можност е дека ваков сон значи дека би требало да стапите во некој вид партнерство со предметот од вашиот сон, како што е на пример бизнис зделка.

Поврзувањата од било кој вид, па дури и оние несексуални, можат симболично да се претстават низ сексуални врски во светот на соништата. Холовеј во својата книга збори и за сексот меѓу роднините и можните причини кои се кријат позади нив. Доколку ве загрижува дека вакво нешто има врска со Фројдовата теорија за неисполнети желби, веројатно во прашање се две работи: замешани сте во некаков однос со некој кој ве потсеќа на некој начин на таа роднина или имате извесни потиснати емоционални проблеми со тој роднина.

Имам(еротски)сон...како и сите
Можеби ќе ви ја олесни непријатната средба со партнерот од сонот сознанието дека ваквите сонови најчесто немаат никаква врска со сексот. Тие може да претставуваат некои неодредени квалитети кои сакате да ги поседувате или да ви кажуваат за поврзаноста која е стриктно емоционална или професионална. Исто така овие соништа можат и да не потсетуваат за личните аспекти кои ги занемаруваме или игнорираме. Исто така, голема е веројатноста дека овие сонови едноставно се производ на фактот дека не сме имале долго време секс и дека нашето либидо ни остава подсетник во вид на ноќна мора.

Во секој случај, не ссме осамени во своите ноќни излети кои често предизвикуваат утрински срам. Секој кој го знаеме, од конобарот во кафулето, преку колегата до првиот комшија, имаат еротски сонови. Тие можат да бидат различни во зависност од полот и годините(машките најчесто ги имаат во 20-тите, а жените во 40-тите).

Ако сакате да откриете ззошто сонувате вакви соништа за различни луѓе  од вашето окружување, потребно е да ги согледате без гадење и непријатности во реалниот живот кои можат само да ви ја поматат анализата.
 

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport