
Начинот на кој одат жените открива многу повеќе отколку што се претпоставува, а меѓу останатото открива и дали е страствена и дали лесно доживува оргазам.
Овие тврдења ги изнесе Стујард Броди, професор по психологија на Универзитетот Запанда Шкодска во велика Британија.
Во статијата објавена во "Магазинот за сексуална медицина", тој наведува дека дамата која оди со брзи и усогласени чекори е во состојба да ја размрда и Рихтеровата скала (скала за мерење на јачината на земјотресите).
"Жените кои прават долги чекори и повеќе го нишаат долниот дел на кичмениот столб, многу често лесно доживуваат оргазам. Таквото одење ослободува движење на енергијата од нозете низ карлицата до кичмата" објаснува психологот.
Иако изгледа нејасно, се покажува дека должината на женските чекори, здружени со движењата на кичмата, можат да ја искажат нејзината сексипилност.