
Повеќе од половина мажи спремни се да се оженат за пари дури и ако невестата е стара, грда и досадна, пишува британскиот таблоид "Miror"
Истражувачите наведуваат дека поради финансиската криза се повеќе има машки "спонзоруши". Резултатите на нивната анкета, која ја спровеле на барање на едно осигурително друштво, покажале дека дури 55% би се ожениле само поради пари, без оглед на квалитетите на партнерката.
Студијата открива дека и жените стануваат се повнимателни кога стапуваат во брак - 29% бараат потпишување на предбрачен договор.
"Мажите денес се женат повеќе со глава него со срце". кажува психологот Беверли Стоун
"Дојде до голема промена во улогите и очекувањата. Мажите денес повеќе бараат богата партнерка која може да им овозможи финансиска сигурност", додава таа.