
Кога станува збор за задоволување на жената, секој маж треба да помине "курс" по сексуална географија.
Исто така, треба да поседува и "клиторален компас" и добро да ја запознае женската сексуална анатомија.
Како добри љубовници знаеме дека клиторисот е многу повеќе од едноставно "љубовно копче" - тоа е софистицирана мрежа на возбудувања која има повеќе жаришта од активен вилкан. За клиторисот треба да се размислува како срце на женската сексуалност.
Со повеќе од 8000 нервни завршетоци, клиторисот ги има повеќе од било кој друг дел од човечкото тело.
Ајде да направиме една мини тура по женските жешки точки: од клиторисот до внатрешните усни, потоа до перинеумот (нежна кожа под вагиналниот влез) и анусот - сите овие области се дестинации со сопствена приказна.
Клиторисот има 3 компненти: глава, врат и база - со некои видливи делови на површината на вулвата и невидливи делови во вагиналната област. Верувале или не клиторисот се состои од 18 структури, затоа внимавајте при вашата маршута по него да има многу застанувања.
Некои нови истражувања сугерираат дек G точката всушност е задниот дел на клиторисот. Сместен на врвот од внатрешноста на вагината, со дијаметар помал од монета - можете да осетите како се набабрува за време на возбудување.
G-точката реагира на поцврста стимулација од клиторисот и иако нејзината стимулација веројатно го зголемува клиторалното задоволство - до него не се доаѓа бе самото "љубовно копче". Тоа нас не доведува до заклучок дека најинтензивните оргазми се постигнуваат со комбинација на стимулирање на клиторисот и G точката, познати и како "помешани" оргазми.
" За среќа клиторисот е сегде каде што треба да биде. Како исклучително специфичен бидејќи е осетлив, клиторисот бара послушност, поштување и восхитување.
Третирајте го љубезно, великодушно, стрпливо и ќе бидете наградени. Секој клиторис има своја личност; што му годи на еден не значи дека му годи и на друг. Некои сакаат шилест јазик, некои мек и рамен. Некои тоа го сакаат диретно и интензивно, а други можат да поднесат само јајнежен пристап. Но скоро сите тие сакаат да бидат загреани" пишува др. Емили Нагоски во својата книга "The Good in Bed Guide to Female Orgasams".
Вашето истражување на женската сексуална анатомија ќе ви открие нов свет. Секој пат е единствен и уживајте во него.