
Замислете си да сте жена и сами да седите во кафичот. Млад и атрактивен маж на масата пред вас ги засмејува своите пријатели. После некој момент неговите пријатели си заминуваат, а тој доаѓа до вас и го вара вашиот телефонски број за да излезете некој ден. Дали ќе ве убеди?
Ако верувате на истражувањата на францускиот научник Никола Гегена, хуморот е најпосакувана машка особина.
Мажот има три пати поголема шанса да го добие бројот на телефонот од жената која претходно ја шармирал со духовити коментари, за разлика од оној кој се придржува кон сериозниот разговот.
Тој ефект може да се објасни со фактот дека забавните луѓе се сметаат за друштвени и интелигентни, а жените бараат баш такви мажи.
Кога станува збор за жените, физичката убавина за нив одамна важи за најпосакуван атрибут. Меѓутоа и помалку атрактивните дами може да бидат мета на многу заинтересирани мажи доколку често се смее.
Претходните студии покажале дека мажите во лифтовите стојат блиску до жените кои благо се смеат.
Геген направил уште едно случно истражување каде што девојка со просечен изглед излегла сама во кафич и го посматрала мажот кој седи сам. Од време на време му праќала осмех. Од сто мажи, колку што од ден на ден гледала во кафичот, бројот на мажите кои дошле и седнале до неа бидејќи им се насмевнувала, бил пет пати поголем од оние кои не се задоволувале со насмевката од дамата.
Затоа, ако сакате да го/ја пронајдете партнерот/ката, смејте се или предизвикувајте насмевка кај другите, во зависност од тоа на кој пол припаѓате