Тест - проверете како се заљубувате

Lovee

Пред вас е тест со кој можете да ја проверите вашата способност за заљубување.

1. Која боја од овие би ја облекле на себе ?

   А. црвена

   Б. зелена

   В. црна

 

2. Кој ви е омилен пијалок од понудените ?

   А. вино

   Б. чај со малку рум

   В. кафе

 

3. Меѓу филмовите кои се прикажуваат и кои се поеднакво квалитетни вие ќе гледате :

   А. романтична комедија

   Б. акција

   В. хорор

 

4. Патувањето за кое сте се радувале се откажува поради виша сила. Ваша прва реакција и мисла е:

   A. ништо страшно, можеби ќе испадне нешто подобро

   Б. барем ќе заштедам, а можеби во иднина ќе отпатувам на друго место

   В. многу ми е криво што пропадна планот

 

5. Кој од следниве градови најмногу би сакале да го посетите ?

   А. Верона

   Б. Барселона

   В. Чикаго

 

6. Пријател/ка од вашето детство, од спротивен пол, кој не сте го виделе неколку години ве поканува на кафе. Вие :

   А. веднаш прифаќате

   Б. го проверувате вашиот распоред ,наоѓате слободен термин и се договарате

   в. избегнувате одговор, ветувате дека ќе се јавите,а ни сами не сте сигурни во тоа

 

7. Место каде би сакале да го поминете медениот месец е :

   А. тропски остров на тиркизно море

   Б. динамичен град со добар ноќен живот

   В. сеедно ви е само да се чувствувате комотно и добро

 

8. На улица здогледувате стар пар кој се држи за рака  и разменува бакнежи. Ваша спонтана мисла би била :

   А. љубовта е слатка и на стари години

   Б. малку се смешни ама симпатични

   В. не се пријатни за гледање, можат тоа да го прават и дома

 

9. За себе сметате дека во љубовта сте :

   А. идеалист

   Б. конформист

   В. реалист

 

Сега погледнете што преовладува.  Ако имате подеднакво под А , Б, В односно по три од сите читајте го типот Б.

    ТИП А - СЕ ЗАЉУБУВА ЛЕСНО, НО МОЖЕ И ДА СЕ ОДЉУБИ ЛЕСНО И БРЗО

Постојано размислувате за љубовта и сакате да бидете во врска дури и да не е добра за вас. Способни сте на објектот на вашата заљубеност да му придавате особини кои ги нема, па кога ќе го приметите тоа вие се спуштате на земја и останувате малку разочарани. Сепак вашата детинеста душа повторно наоѓа нови идеали и објекти, па повторно лесно се заљубувате. Уживате во романтична атмосфера. Иако сте искрени не  би ви штетело да станете пореални. Така вашата љубов би се основала на зрели вредности, на долги стази и  поцелосно би го процениле партнерот.

   ТИП Б -  СЕ ЗАЉУБУВА УМЕРЕНО И ПОСТЕПЕНО

Го сакате животот и неговата разноврсност. Најверојатно ја сакате природата и луѓето. Се водите подеднакво и од срцето и од разумот. Имате баланс во животот и правилно ги градите личните односи . Така можете да се усреќите себе, а и тие окулу вас. Со вас никогаш не е досадно, одмерени сте и знаете да се однесувате.  Луѓето лесно ве прифаќаат, а и вие добро се прилагодувате. Понекогаш одите по линија на помал отпор, но ако видите дека сте заглавиле и ситуацијата во љубовта не е добра, знаете да ги вратите односите во рамнотежа и да тргнете во друг правец.

   ТИП В – СЕ ЗАЉУБУВА ТЕШКО, НО КОГА ТОА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ЉУБИ СИЛНО

Не се занесувате со недостижни идеали и цврсто стоите со нозете на земја. Сакате да ја знаете секогаш вистината, па колку и да е тешка. Со таков став релативно добро поминувате низ животот, но ви фали имагинација. Потрудете се да го задржите она мало лудило кое го зачинува животот, а вас би ве направило поинтересна и покомплетна личност. Не е лошо понекогаш да поверувате во нешто што не е логично и да бидете поспонтани. Вие имате капацитет да сакате со целото срце. Сепак треба  храбро да се препуштите на животот . 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport