
Др. Џејн Ховард, сексуален терапевт од Brisbane Авсралија, кажува дека пости голем расчекор помеѓу машките и женските сексуални размислувања.
Спрема тврдењето на австралиските сексуални терапевти, краткиот секс е најдобар. Како оптимално траење го оцениле сексот до 13 минути, а и триминутниот секс (quicky) е сосема доволен за добро да се чуствувате.
Австралиските научници за сексуалност можеби откриле нешто со што мажите и неможат многу да се пофалат. Додека многумина од нив со задоволство би имале некоја минута секс повеќе, на жените им е се исто ако работата се заврши моментално, важно е да биде експлозивно. Оваа студија е прва во проучување на идеалното траење на сексуалните односи при што се мисли само на делот на пенетрација без предигра. Случајниот примерок избран помеѓу Американци и Канаѓани покажал дека сексот во траење од 7 и 13 минути е сосема задоволувачки. Сексот пократок од 3 минути е апсолутно незадоволувачки, додека секоја минути над оние тринаесет го сметаат за губење на време.
Кога се работи за сексот, нашите очекувања се најчесто нереални
Целта на студијата била следна: да им се покаже на паровите дека нивните очекувања во врска со сексот се нереални, што понатаму се надоврзува на тврдењето дека само долготрајниот секс е тој што има лековито дејство на телото.
Квалитето е поважен од квантитетот
Краткиот секс е во потполна спротивност на мислењето за тоа како би требало да функционира идеален машки сексуален лик - голем пенис, во комплет со челична ерекција која мора да трае од вечер до зори наредниот ден. Големината сепак не е битна - битен е квалитетот, а не квантитетот и во смисла на обдареност и во смисла на издржливост. Интересно е тоа што таквата слике е врежана кај двата пола, додека експертите даваат нешто пореална слика. Имено, таквата замислена слика ги објаснува многу сексуални дифункции, што не е ни малку невообичаено.