Митови во врска со мастурбацијата

Mitovi Za Masturbacijata

Во не така далечното минато, кружеле гласини дека мастурбацијата предизвикува слепило, акни, раст на влакна на дланките, дека од самозадоволувањето може да се полуди...Иако во овие теории повеќе никој не верува, мастурбацијата остана како активност која никој не сака да ја признае, а сите ја практикуваат. И тоа многу почесто од колку што можете да претпоставите.

Историјата на мастурбацијата е полна со бизарни податоци и митови во кои навистина е тешко да се поверува. Толку се бесмислени, што просто неверојатно како луѓето воопшто можеле да веруваат во такви глупости.

Еве некои од најчестите заблуди:

Мастурбацијата е за млади

Всушност, мастурбацијата е сексуална активност која луѓето ја практикуваат целиот живот. Истражувањата за сексуално однесување покажуваат дека помеѓу 70 и 95% од возрасните мажи и жени редовно мастурбираат. Иако со годините зачестеноста на самозадоволување опаѓа, многу луѓе продолжуваат да мастурбираат и во подоцните години. Резултатите од едно истражување во кое учествувале 800 испитаници од 60 години покажале дека 46% од нив повремено уживаат во мастурбацијата, а другата анкета покажала дека 20% од луѓето постари од 60 години редовно мастурбитаат еднаш или повеќе пати неделно. Па така, мастурбацијата не е резервирана само за тинејџерите и адолесцентите и нормално воопшто не е форма на "незрело" сексуално задоволство.

Мастурбацијата не е "вистински секс"

Нормално дека е. Кога се самозадоволувате доживувате реално возбудување и уште пореални оргазми. Од гледна точка на здравјето, мастурбацијата е секс исто како и односот кој вклучува пенетрација или орален секс.

Мастурбацијата е погубна за здравјето


Овој мит води потекло од 1712 година, кога е напишан извесен трактат против мастурбацијата, кој требало да придонесе за продажба на чудотворен тоник кој го спречувал "самозагадувањето". Тоници од тој тип кои лечат од сите болести биле популарни во тие години, а луѓето е најлесно да се манипулираат ако едноставна природна активност која носи само задоволство ја направите како "смртен грев".

Во годините кои следувале, мрачните проекции за иднината на оние кои се препуштале на мастурбација станувале се поисфантазирани. Од неодреденото "не е добро за здравјето", се стигнало до теорија дека "предизвикува слепило", "од тоа се добиваат акни" и, можеби најбизарното, "од мастурбацијата растат влакна на дланките".
Иако во тоа веќе никој не верува, сепак да заклучиме: мастурбацијата е безопасна активност, не е опасна по здравјето и може да ви донесе само задовослтво.

Мажите мораат да мастурбираат, а жените не

Иако поголемиот број од анкетите покажуваат дека мажите почесто мастурбираат од жените, нема доказ дека за тоа е "одговорна" биолошката потреба. Она што е вистина е дека женската мастурбација сеуште е табу. Тоа нормално не значи дека жените помалку мастурбираат од мажите, поверојатно е дека жените сеуште (од некои необјасливи причини) им е срам тоа да го признаат и на самите себе, а не па во некоја си анкета.

Луѓето кои се во врска не мастурбираат

Иако често се мисли дека мастурбацијата е резервирана за луѓе кои не се во врска, личностите кои имаат постојан партнер често се самозадоволуваат, што тоа го покажуваат и научните истражувања. Важно е да се истакне дека квалитетот на сексот во врската воопшто не влијае на тоа. Значи, ако сте во врска или брак, а од време на време направите нешто "добро за себе", нема причина  да имате грижа на совест.

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport