
Најновите истражувања сугерираат дека се во право оние кои кажуваат дека сите мажи се родени преваранти.
На венчавката се заколнуваат на верност, но студиите укажуваат дека со тоа се противат на сопствената генетика.
Др. Бренда Вејди, психолог и автор на книга за брак и врски тврди дека сите мажи се склони кон неверство. Тоа го сугерираат и наодите на новите истражувања.
Истражувањето на американските научници на Универзитетот во Северна Каролина се темелело на разговори со мажи
Околу 63% од мажите признале дека редовно или повремено ги изневеруваат нивните жени, додека останатиите 36,3% би биле неверни ако имаат добра прилика.
Тоа што сите ја признале склоноста кон неверство на научниците им било потврда за почетната хипотеза дека мажите генетски се склони кон менување на сексуалната партнерка.
Шведските научници се концентрирале на самата хемија во мозокот и пронашле дека хемискиот спој во мозокот на некои мажи влијае на нивната желба да имаат повеќе партнерки.
Имено тие не го сакаат бракот или имаат многу лоши врски. Меѓутоа, истото истражување покажало дека мозокот може да се извежба за да се спротистави на тоа искушение
Шведските експерти заклучиле дека мажите не мораат да изневеруваат, но мораат да искажуваат поголема желба да останат верни.