Љубов: Како да не правиме глупи потези?

Glupi   Potezi

Заљубувањето ни дава чувство на задоволство и зголемена самодоверба, но исто така прави да се однесуваме смешно и компулсивно. Меѓутоа, многу од тие потези не се најдобро решение.
Без разлика дали е во прашање пронаоѓање на патетичен изговор за тоа што го бараме повеќе пати иако не се јавил на претходниот повик, или "случајна" средба пред неговата канцеларија, не постои личност која барем еднаш не ги правела овие и слични работи поради новата љубов.

Колку и да се убедувате себе си и пријателите дека овој пат сте влегле во врска со "ладна глава", факт е дека неможете да се спречите себе си да направите глупави потези поради кои ќе се чувствувате како идиот.

Единствен начин е да спроведете стратегија. Воздржете се од компулсивното проверување на маилот и поворната пошта, честото праќање смс пораки и прогонување на Facebook. Ако се двоумите за тоа колку сте му важни, после вториот состанок можете слободно да го прашате.

Повеќе од илјада научни студии покажале дека ако однапред донесете одлука за тоа како ќе се справите со одреден проблем, имате 3 до 4 пати повеќе шанси за успех.

Меѓутоа клучот за успех подразбира и имање на идеја што ќе правите наместо тоа. Затоа кога ќе почувствувате потреба да го проверите неговиот Facebook профил или да оставите порака од типот "не сум сигурна дали ја доби мојата претходна порака", посетете го профилот на вашата пријателка и пратете и порака на вашата мајка.

Размислете пред да направите одреден чекор, запрашајте се што мисли тој за тоа. Сигурно вашата цел не е уште на почетокот да го преплашите.


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport