
Ако им веруваме на резултатите од најновата анкета, на мажите, за разлика од жените, потребно им е многу помалку време за да се заљубат.
Појакиот пол своето срце го предава после една насмевка, а не им е потребно ни да разговараат со потенцијалната партнерка, додека на жените им е потребно многу повеќе време, пишува Daly Mail.
Еден од пет машки испитаници потврдил дека се заљубил на прв поглед. Повеќе од половината "паднале" после првиот состанок, а три четвртини своето срце го предале после третиот состанок.
За разлика од мажите, само една од 10 жени искусиле љубов на прв поглед. Поголемиот број и после шестиот состанок не можеле да одлучат дали дотичниот маж е правата личност за нив.
Најновото откритие дава ново светло на општоприфатените мислења дека исклучиво жените имаат тенденција за експресно заљубување.
Резултатите покажале дека мажите и жените имаат сосема различни погледи на љубовта.
Професорот Александар Гордон, психолог и член на британското психолошко друштво е заинтригиран од резултатите.
"Мажите се покажаа површни бидејќи можат да се заљубат само на основа на изгледот, додека жените се покомплицирани. Партнерот го проценуваат на основа на неговите способности да и овозможи сигурност и на таа основа дали ќе биде добар татко", објаснува Гордон.
Во истражувањето учествувале 1500 мажи и 1500 жени, во возраст од 16 до 86 години. Спрема резултатите просечниот маж се заљубува три пати во неговиот живот, а жената еднаш. Исто така, мажите воглавно први ги изговараат двете фамозни зборчиња "те сакам".
Припадниците на двата пола се сложиле дека најмногу време им било потребно да ја преболат првата љубов.