
Ноќните битки за прекривката ќе станат минато,поради тоа што британската компанија вовела нов изум, прекривка со подебел и потенок дел за сопружници со различни температурни потреби.
Прекривката која е поделена на два дела, подебел, за зиморливите луѓе и потенок, за оние на кои секогаш им е топло, може да им осигура мирен сон на голем број на парови, нагласува представничката на John Lewis постелнини, Fiona Caulfield.
Всушност, делењето на кревет, освен тоа што е добро за врската и интимноста, не е секогаш добро за спиењето,кажуваат стручни лица.
Расправијата за прекривката, различната телесна температура и носењето на предебели и претенки облеки за спиење, со р'чење, е еден од главните причини зошто во тек на ноќта лошо спиеме и често ги будиме своите партнери, истакнува водителката на студијата Jessica Alexander.
Дводелната прекривка, полна со перје од унгарска гуска, прва е во светот од овој вид. Доаѓа во летна и во зимска варијанта. Може да се купи во сите John Lewis дуќани во Велика Британије или online na www.johnlewis.com.