
Не знаете како да го започнете денот расположени и весели? Препуштете се на игрите во кревет, препорачуваат научниците.
Спрема истражувањето, луѓето кои водат љубов кога ќе се разбудат се поздрави и посрќни, а доброто расположение им е загарантирано во текот на целиот ден. Освен тоа, утринскиот секс го зајакнува и имунитетот, го подобрува квалитетот на коските, кожата и ноктите.
"Сексот во утринските часови го ослободува таканаречениот "хормон на љубовта" окситоцин, поради кој паровите чуствуваат љубов и поврзаност за време на целиот ден", објаснила докторката Debby Herbenick.
Herbenick е авторка на книгата "Becouse it Feels Good" во која пишува за доброто од утринскиот секс.
"Ве прави појаки и поубави. Утринскиот секс може да го зајакне вашиот имунолошки систем за само еден ден бидејќи го зголемува нивото на IgA, антитела кои штитат од инфекции. Исто така, се ослободуваат хемикалии кои го подигнуваат нивото на естроген, кој ги подобрува тонусот и текстурата на кожата и косата", тврди Herbenick.
На благотворното дејство од утринскиот секс тука не му е крајот. Имено, студијата од Queens универзитетот во Белфаст открила дека водењето љубов три пати во неделата може за 50% да го намали ризикот од срцев удар или мозочен удар.
Устражувањето на Универзитетот Nottingham исто така покажало дека мажите, кои имале редовен секс, во 50-тите години имаат помали шанси да добијат рак на простата.