
Анкетата спроведена на друштвената мрежа Badoo, покажала дека за околу 60% од мажите, потемната коса е попривлечна.
Бринетите ги привлекуваат 33% од машките, а 28,6% неможе да им одолее на црнките. За плавушите навиваат 29,5%.
Старата теорија дека мажите повеќе ги сакаат плавушите веќе не важи. Анкетата спроведена на сајтот Badoo покажала дека денешните мажи ги привлекува нешто друго, смеѓите девојки се поатрактивни. Повеќе од 60% од испитаниците изјавиле дека повеќе ги привлекуваат девојки со потемна коса, третина од нив(33,1%) се изјасниле за бринети, 28,6% ги сака црнките, а на плавушите идат 29,5%. Црвенокоси девојки се секси само за 8,8% од машките.
Покрај бојата на косата, испитаниците ја оценувале и привлечноста на женската фигура. Се покажало дека им се попривлечни просечно градени девојки кои носат конфекциски број 40 или 42,додека за 10% од нив идеална девојка е онаа која е поситна, која носи број 36. Ова го покажаа резултати од анкета во која учествувале мажи од Франција, Шпанија, Италија, Америка, Велика Британија и Бразил.
'Бевме зачудени зошто на прво место не се плавушите со конфекциски број 34. Иако магазините се преполни со фотографии од слаби плавуши, мажите сепак неможат да им одолеат на просечните девојки од близина', кажа Lojd Prajs кој ги анализирал добиените резултати за Badoo.