
Психолозите и љубовните терапевти издвоиле 5 главни фази во љубовта, а секоја од нив носи одредени недвоумици, кои ќе ви ги откриеме.
Една од најбитните работи која треба да ја запомните е тоа дека никогаш не треба да спиете со него на првиот состанок, доколку планирате иднина со него.
Да, врските така почнуваат, но секогаш постои ризик да ве смести во категорија,само за една ноќ.
Во два-три месеци забавување поминувате еднакво, ако не и повеќе време со пријателите. Момците често брзаат во врската,но од еднаш им текнува дека 'Ова иде брзо'.Вие мора да 'стискате кочница'.
Ако ви смета нешто во неговиот стил на живот, кажете му пред да станете навистина љути. Ако не му кажете дека тоа ви смета, што води бурен ноќен живот, на крај ке се изнервирате и ке експлодирате- што не спаѓа во мудрите методи на комуникација.
Дозволете тој прв да ви изјави љубов. Генерално гледано на машките им е потребно повеќе време да ги процесираат чуствата и да ги искажат. Ако вие први ги изразите вашите чуства, може да почуствувате избегнување.
Една работа е заедничка за среќните парови прават забавни нешта заедно. Се натпреваруваат,билијард или баскет се препорачуваат поради тоа што го зголемува нивото на адреналин, што допринесува за зголемување на привлечноста.
Не дозволувајте да ве види додека сте во тоалет, додека ги средувате веѓите или ги депилирате препоните. не ја уништувајте романтиката. Ако телото ви се променило со времето, не му обрнувајте вниманите на тоа. Машките ретко кога ги приметуваат деталите како што се целулит или опуштена кожа.
За да сочувате нешто што ке го тера да подразмисли, сочувајте некоја тајна и за себе. На пример колку сте ги имале пред него, што се случило кога сте искочиле со другарките во град, дека сте почуствувале секс во тројка...
Додека седи на каучот 'скокнете' на него, наместо до него. Секси динамиката бара и малку труд, но тоа не е вистинскиот начин да ја сочувате добрата врска.
И двајцата во некој момент сте се запрашале дали ке бидете во состојба засекогаш да останете верни. Задржете го тоа прашање за себе и не се вреѓајте ако и тој ги има истите дилеми.
Малку љубомора го одржува пламенот на страста. Привремено низ насмевка раскажете му како сте откачиле некој удварач.