
Порано љубовта изгледала многу попросто.
Се што требало да направите е на момчето кое ви се допаѓа да му пишете писменце со прашањето, 'дали ти се допаѓам'? и одговорот многу бргу би пристигнал. Меѓутоа, изгледа со времето работите се искомплицирале.
Иако возрасните личности прават се за да ги сокријат своите емоции, сепак постојат гестови кои ви откриваат дали сте вие негова 'симпатија'.
1. Момчето на девојката ќе и се јави точно на време кога и кажал дека ќе и се јави. Ако кажал дека ќе се јави во 8, тоа ќе биде точно 8, а не 8 и 15. Тоа е едноставно начин на почеток да ви покаже како можете да се потпрете на него.
2. Повеќето машки пораките кои ќе ви ги пишуваат ќе ги завршуваат со прашалник, само за да продолжите со допишување. Колку што пораките се подолги, тоа е појасно дека му се допаѓате.
3. Кога влегувате во некоја просторија со него, ке истрча пред вас за да ви ја отвори вратата. Исто така ке се случи да ви го тргне столчето за да седнете удобно. Машките тоа не го прават дури ни за нивните мајки и сестри.
4. Доколку му се допаѓате многу е тешко да ве исфрли од мислите. Често ке ви се јавува и ке ви праќа пораки само за да види што правите, иако знае дека сте на работа.
5. Додека трае разговорот ке проба да се представи во подобро светло, ќе спомне теретана, фудбал со другарите, омилената храна, само за да ви докаже дека се грижи за себе и да го сврти вашето внимание накај него.
6. Многу често ке смислува различни причини само за да останете сами. Ќе ве води со него додека купува нешто, Ќе ве испраќа до дома или ќе доаѓа по вас кога ке искачате со друштво.
7. Иако му се допаѓате ќе проба полека да ве освои со излегување и дружење како работите би дошле на свое место.
8. Неприметно ќе пробува да ве допира додека разговарате или на излегување.
9. Ќе ги имитира вашите реакции и движења. Доколку се пошегувате со него и тој ќе се пошегува со вас, ако се мрднете на страна и тој ќе го направи тоа за да ви биде поблиску.
10. Ќе проба да ве стави во центар на внимание секој пат кога ќе искочите со неговите пријатели, за да им се допаднете и на нив, колку и на него.