Навики кои ги одалечуваат мажите од вас

5naviki

Ако сте сеуште слободни и го барате принцот на бел коњ, запрашајте се, дали можеби вие на некој начин сте виновни за тоа што сеуште го нема? МНогу жени во ова убрзано време во кое живееме немаат време за шетање низ град и нови познанства, но ако сепак се одлучите да тргнете во потрага, запрашајте се кои се вашите навики, дали може проблемот да се крие баш во нив.

Машко друштво

Ако сакате машко друштво за секое излегување во град и повеќето излегувања ги поминувате опкружени со бројни пријатели, мора да знаете дека ретко кој дечко би бил толку слободен да направи прв потег, затоа што, гледајќи со негови очи, можеби некој од нив е ваш дечко.


Премногу нападна и секси облека

Иако секси облеката е мамец за мажите, не претерувајте, посебно ако сакате нешто повеќе од флерт. Исто така, тој изглед може да создаде страв од недостижност кај мажите.


Негативна енергија

Колку пати ви се случило да бидете надвор со пријателката и едвај чекате да се вратите дома? Е баш таква негативна енергија ги одбива мажите од вас.

Прстен


Ако барате забава, претпоставуваме дека не сте верени или во брак. Точно поради тоа чувајте се од прстени кои потсетуваат на венчален. Таков прстен на вашата рака може да даде погрешни сигнали на потенцијалните удварачи.

Пчелка во брзање

Ако планирате состанок заборавете на телефонските јавувања, проверување маил или нервозно пишување пораки. Мали се шансите да го запознаете идниот партнер ако цело време изгледате зафатено. Опуштете се и искористете го добриот повод за нови познанства.
 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 11 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport