
Без разлика дали станува збор за прв состанок или долга врска, сепак има нешто во неговото однесувањето кое ве вади од такт.
Овие четири особини се широко распространети меѓу не секогаш, суптилно машката популација.
Допирање на интимните делови во јавност, ждригање и испуштање на гасови.
Кога тој во јавност понекогаш несвесно ќе го допре својот интимен дел од телото, на жените тоа им е непријатно. Тие во тоа не гледаат ништо спорно, тоа го доживуваат како дел од својата вообичаена вербална комуникација. Испуштање на гасови и ждригање исто така е во оваа категорија. Тоа го опишуваат како нешто многу нормално и не им е јасно како тоа би можело некого да го изнервира.
Нервоза и гнев во сообраќајот
Мажите често ја губат контролата и се нервираат додека возат. Тоа посебно се случува кога во таа приказна е и жената. Тие исто така имаат предрасуда дека позади волан никогаш не треба да се најде жена.
Вулгарно однесување кон жените
Вулгарните зборови не се начин на кој мажот може да ја освои жената. Тој тие зборови не треба да ги користи ни во други ситуации. Тоа жените едноставно не го сакаат.
Незрело однесување и невнимание
Чести се сцените во кои жените разговараат и се расправат со своите партнери, а тие не се свесни за што се работи, така што на самиот крај на разговорот тие незнаат ни зошто тој бил потребен. Мажите понекогаш не ја сфаќаат суштината на проблемот, а тоа е она што ги иритира жените.