
Многу од нас барем еднаш во животот почуствувале болка предизвикана од невозвратена љубов.
За оние кои тоа уште не го поминале или моментално се наоѓаат во непријатна состојба на тага, експертите препорачуваат неколку корисни упатства.
Заљубеноста е еден од најубавите чуства кои се случуваат во животот, пеперутки во стомакот, срцебиење и реакции со кои не управува мозокот се само дел од симптомите кои ја придружуваат заљубената личност.
Но кога првичниот занес ќе заврши, само тогаш можеме да знаеме дали личноста што сме ја избрале е онаа вистинската, наша сродна душа. Љубовта може да не направи премногу среќни, но исто така може да предизвика огромна болка, посебно кога станува збор за невозвратена љубов и раскинување.
Психијатријата докажала дека љубовната болка многу полесно ја преболуваат личностите кои за себе имаат позитивно и високо мислење и не се замараат за мислењето на околината.
Најдобри начини да се преболи невозвратената љубов:
-Повредената личност не може рационално да расудува, а главна замка е кога личноста почнува да се окривува себеси.
-Не се гледајте, не инсистирајте и не се трудете да стапите во контакт со таа личност која ве оставила.
-Со промена на партнер нема да ја поправите ситуацијата во која се наоѓате.
- Слушајте го своето тело и одберете го оној начин на преболување кој ќе ви одговара. Бидете физички активни, повикајте го пријателот кој ќе ве сослуша или повлечете се и соочете се со своите мисли.
- Љубовта не се случува само еднаш и прашање е на време кога на вратата ќе ви затропа нова и поубава љубов.