
Исхраната која ја практикуваат на Запад која вклучува засладени пијалоци, брзо подготвена и преработена храна, заситени со премногу сол и шеќер.
Тоа е еден од главните виновници за тоа што многу од нив имаат слабо либидо или намалена сексуална желба.
Доброто сексуално расположение доаѓа и преку стомакот. Како што погрешниот избор на храна може да ја намали нашата желба за секс, така и соодветната храна може да го 'исчисти' патот до вкусните плодови на задоволството. Ви препорачуваме храна која дејствува како бомбастична инекција за пумпање на либидото.
Витамин А
Зелен, жолт и портокалов ( сиров) зеленчук и овошје
Овие производи се богати со бета-каротен, кој на телото колку што е потребно му претвара бета-каторен во витамин А, кој е битен за производство на сите полови хормони.
Манган
Цело зрно жито, ореви, грашок од грав
Манган е минерал кој помага во производството на хормонот допамин, невротрансмитер( кој испраќа импулси од крв во мозокот), а сето тоа помага за сексуална возбуда.
Витамин Б6
Риба, авокадо, дињи, нелупен ориз, јајца, овес, кикирики, ореви, месото од органите (црниот дроб)
Сите наведени производи се богати со витамин Б6, кој е важен бидејќи го намалува пролактинот, хормон кој може да ја намали сексуалната желба кај жените. Витамин Б6 кај мажите го зголемува хормонот кој го регулира тестостеронот, а тој е одговорен за машките сексуални карактеристики.
Цинк
посно говедско месо, грав, семки од тиква, пресно млеко
Храната богата со цинк стимулира производството на тестостерон и со тоа ја зголемува способноста на ерекцијата на човекот и ејакулација.
Витамин Е
зелен зеленчук, цели зрна, ореви, брокула (брокула), спанаќ
Витамин Е е антикоагуланс (спречува згрутчување на крвта), која ја подобрува циркулацијата на крвта низ телото, вклучувајќи ги и гениталиите.