
Секој ден се бориме да излеземе на крај со обврските, бидејќи сакаме да дадеме максимум од себе. Под притисокот од обврските поголемиот дел од нас заборава кои се всушност вистинските вредности, што е она што не прави задоволни, среќни и подобри луѓе. Се губиме себе си, а со тоа се одалечуваме од пријателите и семејството.
Дали успехот во работата, потребата да се создаде слика на успешна личност е вредно да се изгуби нежноста, вниманието и малите моменти на задоволство?
Додека се стремиме кон совршенството, на крајот ние се чуствуваме погрешно поради тоа што не сме совршени родители, соработници, газди, пријатели, сопружници...
И се чуствуваме како да сме разочарани од своето семејство, пријателите, колегите. Во повеќето случаи не се гледаме себе си како криви за сопственото незадоволство. Полесно ни е да бидеме бесни на целиот свет одколку да се запрашаме што ние можеме да направиме за себе. А токму од нас всушност зависи дали животот ќе го исполниме со моменти на нежност и задоволство.