Седум популарни љубовни митови

Ljubovni Mitovi

Љубовните митови можат да бидат смешни, премногу романтични, оптимистички па дури и разочарувачки. Дали треба да веруваме во нив?


1. Вистинската љубов се случува само еднаш

Една шанса - една љубов. Не е лесно да се поверува во тоа. Што се случува кога личноста што ја сакате не ви ја возвраќа љубовта? А што е со оние луѓе кои ве сакале, а тоа на вас не ви го кажале бидејќи знаеле дека вие тоа не го чувствувате кон нив? Да се заљубите повторно не е лесно, но не е ни невозможно.

2. Љубовта е искра

Љубовта е огномет - "Кога го погледнав веднаш знаев дека е вистинскиот". За жал ова е само уште еден од низата љубовни митови во кои филмските продуценти сакаат да веруваме.

3. Паровите кои се сакаат никогаш не се расправаат

Овој мит може да се нарече "Дизни синдром" - типичен пример за неразбирање на концептот на љубовта и за начинот на кој вљубените луѓе се однесуваат. "Живееја среќно до крајот на животот" звучи прекрасно, но мора да дојде до момент кога барем еден од нив ќе стане на лева нога.

4. Љубомората е синоним за љубов

Секој од нас е барем малку несигурен и чувствувањето љубовора е сосема нормална работа. Кога сакате некој, сакате тој да биде среќен не само со вас туку и со пријателите, семејството, на работа...

5. Љубов е кога често си кажувате "Те сакам"

Сосема е нормално тоа да и го кажете на личноста што ја сакате, но не е се во зборовите. Делата кажуваат повеќе од 1000 зборови.

6. Љубовта е страст, романтика, привлечност

Порано или подоцна сите овие работи ќе избледат оставајќи простор за други, подлабоки и трајни чувства - посветеност, почитување и грижа.

7. Било судено

Двајца луѓе се нашле на право место и во право време - тоа е само почеток. После тоа следи работа и труд. Секоја врска има свои подеми и падови. И најсреќните парови имаат тешки моменти. Разговорот и компромисот може да го решат секој проблем. Врската не се добива сервирана на златна чинија.

 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 15 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport