''Feng shui'' лекции за вечна љубов

Feng Shui

Ништо не губите ако пробате дали оваа древна кинеска вештина навистина помага за да се постигне хармонија во љубовта, па и во сексуалниот живот. Погледнете што треба да внесете во вашата спална соба, за љубовта од неа никогаш да не излезе.

Анги Ма Вонг, авторка на бестселерот ''Feng shui-формули за љубов'', направи мали Feng shui прирачници за среќа во љубовта. Применете ги овие едноставни правила.

-Не носете стари прстени што сте ги купиле на распродажба или сте ги добиле од непознати луѓе. Прстените ја задржуваат негативната енергија од претходните сопственици која може да се пренесе на вас.

-Ако сте осамени и сакате да го пронајдете партнерот кој ќе ве сака и разбира, заврзете две црвени и пурпурни ленти околу рачката од вратата на спалната соба.

- За да уживате во текот на целата година во љубов и за да бидете исполнети со позитивна енергија, ставете две ружи во вазна во дневната соба и трпезаријата. Тие ќе придонесат за процут на вашите чувства.

-Не користете радио-апарати кои имаат саат со црвени бројки, бидејќи испуштаат штетна,негативна енергија која може да го наруши и уништи вашиот љубовен живот.

-За да конечно се посветите на иднината, не се оптеретувајте со детството. Од спалната соба тргнете ги играчките и плишаните мечиња, и љубовта полесно ќе ви влезе во животот.

-Во спалната соба не ставајте електронска опрема како што се компјутери и факс-машини, бидејќи нивната негативна енергија ќе се пренесе на вас и на вашиот партнер, така што често ќе се карате.

-Не купувајте кревети кои имаат дрвени или метални нозе, посебно ако врвовите им се изострени, поради тоа што деструктивната енергија од нив ќе се пренесе на оние кои таму спијат.

-Никогаш не ставајте симболи на љубовта и љубовните врски во бањата, затоа што тие ја собираат деструктивната енергија од човечките секрети. Тоа доведува до раздор, а често и до прекината врска.

Fung Shui1

-Ако сакате да го проширите своето семејство, закачете слики од седум бебиња или седум деца во метални рамки и распоредете ги низ целиот стан. Енергијата од овие фотографии ќе ви помогне да станете родители.

-Пред спиење користете миризливи сапуни, талк во прав и мириси што прават да се чувствувате сензуално. Вашата енергија ќе го возбуди вашиот партнер и сексуалниот живот ќе ви биде многу повозбудлив.

- За вашиот љубовен и сексуален живот бидат побогати и поинтензивни, секоја вечер, седум дена по ред, палете свеќи со мирис на портокал, тоа сигурно ќе ги разгори вашите страсти.

-Ако немате партнер, а сакате да ја пронајдете личноста со која ќе делите го делите и доброто и лошото, тогаш на ѕидот од спалната соба ставете слика од два гулаби. Нивната енергија ќе го привлече идниот партнерот.

-За да вашата љубов подолго трае, покрај сликата на вашиот партнер ставете срце од розово стакло. На овој начин ќе ја поттикнете енергијата на вечната љубов.

-Доколку вашата сексуална енергија е на ниско ниво или ако го губите интересот за сексот, тогаш во северниот дел од домот додадете повеќе сина боја, која ќе ви ја врати изгубената желба.


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 14 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport