
Жените се од Венера а мажите се од Марс. Со ова најчесто се опишуваат големите разлики на машките и женските гледишта на работите.
Оваа тема ја обработува и краткометражниот хумористичен филм кој овие денови се појави на You Tube, а кој опишува како паровите го доживеале состанувањето.
Филмчето прикажува два сосема различни состаноци, но и четири потполно контрадикторни перспективи, две женски и две машки. Може ли воопшто да се збори за тоа кој е во право а кој не?
Ако сеуште не сте научиле од личното искуство, погледнете ја симпатичната романтична комедија која ви ја пренесуваме: