
Доколку сеуште не сте го пронашле партнерот кој во креветот ве остава без здив, дознајте како во спалната соба се забавуваат на пример Раковите, што најмногу сакаат Девиците, а во што најголемо задоволство пронаоѓаат Рибите.
Овен
Жени
Жените родени во знакот на Овен се стравствени и секој прилика и место ги користат за сексуално да се задоволат. Во кревет сакаат да доминираат, а за време на сексуалниот однос, сакаат да користат различни сексуални помагала.
Мажи
Во сексот се агресивни и скоро никогаш не се изморуваат. Секогаш се спремни за акција, освен тоа имаат и голема фантазија. Една од маните е тоа што не сакаат предигра.
Бик
Жени
Сензуални се, привлечни и многу заводливи. Исто така очекуваат многу од партнерот во кревет. Често ги менуваат партнерите бидејќи ретки се оние кои ги задоволуваат во целост. Предиграта мора да трае долго, а најмногу уживаат во сексот во спалната соба.
Мажи
Припадниците на посилниот пол кои се родени во знакот на Бик се стрпливи. Немаат некој голема фантазија, но се ужасно издржливи. Способни се да задоволат некоку партнерки истовремено.
Близнаци
Жени
Жените родени во знакот на Близнаци не можат да одолеат на сексот на јавно место, имаат голема фантазија и никогаш не се срамат од своето тело. Од сите знаци, жените родени во знакот на Близнаци најмногу ги користат сексуалните помагала.
Мажи
Способни се да ја шармираат скоро секоја припадничка на понежниот пол. Во сексот немаат некои големи барања од партнерот, но и не се премногу страствени. Го сакаат сексот под запалени сијалици. За жал, секогаш им е цел прво да се задоволат себе, а потоа партнерката.
Рак
Жени
Романтични се па очекуваат нежност и внимание. Често во сексот користат вино или мед кои ги истураат на телото на партнерот. Воглавно фантазираат за секс со помлади мажи.
Мажи
Раковите спрема жените се однесуваат заштитнички, многу се љубезни и сентиментални. Уживаат во предиграта, и за пофалба е тоа што во секој момент се обидуваат да ја задоволат партнерката, а потоа себе. Не можат да одолеат на женските гради па затоа на нив им посветуваат најмогу внимание.
Лав
Жени
Лавиците во кревет воглавно доминираат. Го сакаат сексот под запалена сијалица и пози во кои тие доминираат. Партнерот го освојуваат со предизвикувачки долен веш.
Мажи
Сексуалниот чин за Лавовите е голема претстава во која ја играат главната улога. Иако се силни на јазик, не се некои многу добри љубовници. Им недостасува фантазија, а се покажало дека, доколку се натпросечно надарени сакаат тоа да го нагласат во секое друштво.
Девица
Жени
Додворувањето не им претставува никаков проблем иако на забава во спалната соба треба да се молат. Обожаваат да се сексаат во туш кабина, а и групниот секс не им смета.
Мажи
Тоа се многу срамежливи мажи па доминацијата во креветот ја препуштаат на жените. Често пати се несигурни во себе иако се опседнати со порнографија. Немаат голема фантазија, но се обидуваат да ја задоволат партнерката.
Вага
Жени
Вагите се сензуални и шармантни и се едни од знаците кои имаат најбујна фантазија. Омилен им е стриптизот, носат предизвикувачка скапа долна облека, а обожаваат масажи со еротски масла. Обажаваат да користат и сексуални помагала.
Мажи
Одлично го познаваат женското тело и мајстори се во милување на усните. Уживаат во групен секс, меѓутоа често пати знаат да бидат и пасивни.
Шкорпија
Жени
Жените во знакот на шкорпија се најсензуални и најмногу очекуваат во кревет од партнерот. Обожаваат да експериментираат и да доминираат над партнерот.
Ретко им се случува во сексот да не се задоволат во целост.
Мажи
Страствени се, емотивни и непредвидливи. Сакаат да доминираат, а се склони кон перверзии. Користат различни сексуални помагала, посебно оние кои нанесуваат болка, не само на партнерката, дури и на нив самите.
Стрелец
Жени
Уживаат во сексот, предиграта им е многу важна, а нивниот основен интерес е нивното задоволство. Не сакаат да експериментираат, но уживаат во надразнување на партнерот до онаа точка кога губат контрола. Слабост им се односите со повеќе личности истовремно.
Мажи
Ретко кога им се случува од сексот да не се задоволни. Многу се емотивни и креативни. Во кревет се опуштени и скоро секогаш го добиваа тоа што го сакаат.
Јарец
Жени
Не им е потребна предигра бидејќи очекуваат од партнерот веднаш да тргне во акција. Во креветот сакаат да доминираат иако тоа ретко им успева. Сексуално се многу издржливи, но не ги интересира егзотични комбинации.
Мажи
Ги привлекуваат многу помлади партнерки и бараат тие целосно да им се посветат. Повеќе внимание посветуваат на самиот сексуален чин отколку на жената која во него учествува. Најмногу ги возбудува лежерен стриптиз.
Водолија
Жени
Кога ќе се возбудат многу се креативни со голема фантазија. Скоро и да не постои нешто што тие во сексот не го пробале. Обожаваат егзотични сексуални пози во кои тие ќе доминираат.
Мажи
Водолиите се многу пасивни и скоро никогаш во сексот не ја превземаат иницијативата. Додуша, имаат голема фантазија па партнерките доживуваат оргазам уште во предиграта.
Риби
Жени
Имаат најмногу проблеми бидејќи ретко кога успеваат да ги остварат нивните сексуални фантазии. Обожаваат да си играат со јазикот, а не можат да одолеат на секс под туш. Инспирацијата ја пронаоѓаат во егзотичните парфеми и етеричните масла.
Мажи
Имаат одлично познавање од женската анатомија и психа. Големи мајстори се во мазење, а не можат да одолеат на женски стапала. Обожаваат сексуални помагала.