
Да завршиш една фаза од животот и да започнеш нова не е секогаш лесно.
Промените доаѓаат одеднаш, кога некој ќе изгубиме или долго планираното, кога децата ќе пораснат и ќе ја напуштат куќата. Животот едноставно продолжува секогаш онака како што сме навикнале.
Раскинување, нов почеток и простување се важни чекори во добро проживеаниот живот. Еден човек мора да живее во различни фази, од детството до длабоката старост. Притоа, некогаш може да се урнат животните соништа, но некогаш може да почувствуваме и нови предизвици кои не тераат да се пуштиме во промени. Виенскиот психолог Julia Umek дава совети за преминување од една во друга фаза.
1. Panta rei – ''се тече''
Античките Грци веќе верувале во тоа дека ''се тече''. Животот е нешто што поминува и представува ново создавање. Кој ќе го прифати ова, ја сватил суштината на живеењето и тоа добро ќе го направи. ''Се тече'' е метафора за постојани промени во светот. Промените прифатете ги позитивно и избегнувајте го незадоволството поради нешто што неможе да се сопре.
2.Следете го срцето
И нашата душа секогаш е во потрага по избегнување на мрзливоста и за проширување на животните радости, желби и љубовта, имајте храброст да го следите вашето срце и да ги прифатите промените, но обрнете внимание на тоа, никого да не повредите.
3.Новите искуства не збогатуваат
Секоја фаза од животот бара нови начини на однесување и прифаќање на нови улоги. Кога ќе дојдете во нова фаза во животот, доаѓаат нашите нови задачи, нови неизвесности, нови решенија, кои допрва треба да научиме да се надминеме. Човекот е многу врзан за своите навики, тие добиваат моќ над него, ја стеснуваат нашата самодоверба. Секоја напуштена навика и ново искуство го збогатуваат животот.
4. Љубовта е најголема промена
Во секоја фаза на животот се сретнуваме со нови луѓе кои влијаат на уште една страна од нашето 'Јас'. Како што учиме на патување во друга земја, така себе си одново се гледаме на средба со непознати личности. Најголема промена доживуваме кога ќе се заљубиме и кога во нова љубовна врска мора да превземеме наша нова одговорност. Ние така приметуваме како нашите ставови полека се менуваат, додека дискутираме за некои теми со различни гледишта, како работите кои порано не биле важни сега добиваат значење и како нешто за што сме мислеле дека е неизбежно губи на вредноста. И оваа животна промена бара многу сила, енергија и чувства за да не се уништи љубовта која се раѓа.
5. Хармонични промени
Добро проживеаниот живот е како збир на многу музички ноти или како сложувалка- на крајот ќе исчезне, или убаво парче музика или успешна слика од сложувалката. Промените мора така да се организираат за добро да се сложат, за да се надополнат една со друга. Нашата душа секогаш ни праќа вистински знаци кога е време за промени. Препознавањето на тие знаци значи и дека знаеме како да живееме.