
Дали некогаш сте размислувате, каква сокриена порака носат подароците и што значи тоа што тој ви подарил баш чоколадо, парфем или ѓердан? Психолозите велат дека подсвеста е чудна работа и дека не открива многу повеќе одколку што мислиме. Затоа тврдат дека секој подарок со себе носи одредена порака и открива многу за односите помеѓу двајца. Се разбира дека ова важи само за поклони кои мажите сами ги избрале. Ова го кажуваат експертите.
Патување- Вие сте му се
Ако ве израдува со патување, тоа кажува дека вие сте целиот негов свет. Нема да му биде тешко потполно да го смени својот живот за вие да бидете среќни, не е многу врзан за мајка му. Ќе направи се што ќе побарате од него. Ваквите мажи се реални, одмерени и сигурни во себе.

Чоколадо- Тој сака подлабок однос
Доколку од партнерот добиете чоколадо, без разлика дали е во прашање некој повод или ви ја подарил од онака, тој има желба да се врзе, сака да биде со вас, тврдат психолозите. Иако голем број на жени мислат дека бомбоњерата не е некој подарок, чоколадата како подарок значи дека тој вас ве доживува како некој посебно драг, со кого сака подлабок однос. Мажите кои подаруваат чоколада се романтични, сигурни во својата љубов, за жените тоа е важен дел од животот.

Парфем- Се плаши од врзување
Мажите кои ви подаруваат парфеми несвесно испраќаат порака дека сте му привлечни и драги, но дека ве гледа само како додаток во својот живот. Парфемите, велат експертите, најчесто ги подаруваат мажи кои не сакаат да се врзуваат.

Накит-Сака да ве ожени
Доколку тој најчесто ви подарува накит, ве гледа како сопруга или жена со која би сакал да старее. Без разлика дали накитот е скап или не, тој симболизира желба за постојана врска.
Скап порадок- Несигурен маж
Мажите кои порадуваат скапи подароци несвесно испраќаат порака дека тие се моќни, но често всушност се несигурни. Тие кои купуваат во последен момент се незаинтересирани за озбилна врска,а оние кои никогаш не купуваат се бунтовници, секогаш сами и против сите.
Книга- Мисли дека добро ве познава.
Ако ви подари книга тој е убеден дека добро ве познава. Ваквите мажи често се предвидливи, но стабилни и лојални.

Домашно милениче- Размислува за семејство
Ако за подарок добиете домашно милениче. тој несвесно ќе ви испрати порака дека сака семејство и дека ве гледа покрај себе на долг рок. Домашно милениче представува обврска и посветеност, а мажите така ги доживуваат жените на кои им подаруваат животни.