
Време е да ги отфрлите старите правила - тоа го покажуваат најновите истражувања. "Играњето по одредени правила прави да посветувате помало внимание на сопствената иницијатива и искуство", смета др. Бетани Маршал.
Некои од познатите правила на водичот за состаноци се: "Не се согласувајте на ништо повеќе од необврзувачки бакнеж на првиот состанок" и "не брзајте со сексот, излезете најмалку 3 пати".
Меѓутоа, сесот без обврска стана нешто многу позначајно и подолготрајно, покажуваат новите истражувања.
"Денес луѓето на сексот гледаат како на нормален дел од секојдневниот живот и не сакаат да го избегнуваат на почетокот на врската" кажал Ентони Паик, професор по социологија.
Со студијата се открило дека најголемиот врој од тајните врски започнуваат со неромантичен секс.
Уште едно неважечко правило гласи: "Не живејте со вашиот дечко и не ги оставајте вашите работи во неговиот стан".
Сепак Националниот центар за здравствена статистика потврдил дека заедницата пред стапување во брак нема никакво влијание врз успехот на врската.
"Паровите мора да бидат искрени кога се во прашање причините поради кои се одлучуваат да живеат заедно" смета др. Бил Клок.
Се додека парот се сложува и ги дели идеите за иднината, заедничкиот живот неможе да биде лоша работа. Ова се уште некои наметливи правила на кои не треба да се посветува внимание:
- Не смеете први да му се обратите на момчето (не го викајте вие за да заиграте)
- Не му ѕвонете и ретко враќајте му на повикот
- Не прифаќајте повторно состанок во сабота ако сте се виделе во среда