
Кажуваат дека во љубовта и во војната не постојат правила, но доколку сакате вашиот брак или врска да траат долго време, добро е да знаете кога треба да премолчите. Малку размислување може да ве спаси од многу незгодни ситуации.
Кога се во прашање односите меѓу партнерите многу е подобро да се избегне расправија со мудро заобиколување отколку да го потрошите заедничкото време за расправија за тоа кој е во право. Од искуство знаете дека тоа не води никаде, но сигурно незнаете кои се речениците кои никогаш несмеете да ги изговорите кога партнерот е нервозен или повреден.
Истражувањето на француските психолози стигнало како нарачано, а речениците кои ги извоиле на многу парови ќе им помогнат да се извлечат од кризните ситуации.
Со 10 реченици кои водат директно кон расправија, психилозите потсетуваат дека рецепт за добар однос е меѓусебната доверба.
Листа на реченици кои е подобро да ги премолчите:
1. И јас сакам да можам да се одморам попладне!
2. Твоите спортски активности некако траат многу долго?!
3. Зарем јас морам постојано да ја менувам тоалетната хартија?
4. Ќе отвориш уште едно шише? Неможам да поверувам!
5. И јас имам работа и ја работам секој ден!
6. Кој ми ги фрлил весниците без прашање?!
7. Тебе ти е нормално детето постојано да е пред компјутерот?
8. Децата се бледи! Би можел да ги однесеш на прошетка!
9. На нивни години јас сум играла во својата соба!
10. Зашто да ја пуштам нашата ќерка да излезе облечена во тоа?