
Постојат различни облици на невербална комуникација, но кога е во прашање наклонетоста и ненаклонетоста помеѓу луѓето, тогаш погледот има посебно место.
Ако очите се навистина прозорец на душата, тогаш и преку начинот на кој некој гледа може многу да се дознае.
И поради тоа уште од детството како посебна социјална вештина ние го развиваме читањето на туѓите погледи.
Врз основа на погледот предпоставуваме како другите навистина се чувствуваат, што навистина доживуваат, што навистина планираат.
Кога луѓето носат маска, поради љубезност или некоја друга причина, погледот може да биде тој кој најмногу ќе ги издаде за она што навистина го доживуваат.
Приметувајќи ги туѓите погледи и изрази на лицето, заклучуваме што тие навистина мислат за нас, истото го прават и тие гледајќи не нас.
Луѓето го упатуваат погледот на нешто што навистина им е важно. Кога една личност ја гледа другата, таа покажува дека е заинтересирана за контакт. Колку подолго и почесто ја гледа, толку е поголема и заинтересираноста. Овој психолошки факт се одразува на колективноста. Така, на пример, зборот допаѓање има свој корен во зборот, гледање. Кога велиме дека некој се загледал во некого, тоа покажува заљубеност.
Кога луѓето некого почитуваат, тогаш го гледаат и го препознаваат. Затоа велиме дека таа личност е позната, гледана. Од истите причини се создал зборот углед, гледање во некого. Почитуваната личност исто така е и пример, некој кој се гледа со желба да се биде како него. Истото важи и за зборот респект, која доаѓа од латинскиот због 'respectus' , повторно гледајки некој.
Погледот исто така е и моќна еротска алатка. Во многу приказни за големите заводници се спомнува силата на нивниот поглед, која хипнотички делувала на нивните ''жртви''. Погледот кон одреден дел на нечие тело може да биде директен знак за сексуална привлечност, но и дрско и непристојно ''соблекување со поглед''.
Погледот исто така може да биде начин да се изрази и непријателството. Така на пример, оној кој завидува, гледа во тоа што другиот го има незаслужено, а тој го нема, па на тоа му застанал погледот. Слично е и кај љубомората, омразата и другите непријателски емоции.
Токму поради тоа што погледот толку открива, многумина ги кријат своите намери претварајќи се дека ништо не се гледа и не се приметува. 'Дворски поглед' е, на пример, поглед кога личноста се труди да ја држи главата во спротивен правец од личноста во која што гледа.
Многу млади луѓе се срамат да ја покажат наклонетоста. Ги кријат своите погледи пoради тоа што очекуваат да добијат знак на наклонетост. Помалку се срамат кога ќе приметат дека другите се чувствуваат пријатно кога ќе сфатат дека некој ги свиѓа. Дури и кога таа личност не им се допаѓа. А кога по трет пат ќе се спојат погледите време е за приближување и запознавање.