
Иако мажите сакаат да се шегуваат, дека со бракот добиваат и лисици на рацете, повеќето од нив се подготвени да го кажат судбоносното ДА. Заедно со партнерот направете анализа на својот брак и потсетете се зашто е добро да сте заедно.
Посакувате ли на моменти да сте сами, без семејството и обврските? Размислете уште еднаш бидејќи најдоброто нешто ви е пред носот цело време, само ви е потребен понекогаш мал потсетник на предностите кои ги даваат бракот и долгата врска.
1. Покрај вас е личност со која планирате да остарете.
2. Со текот на годините сексот станува се подобар.
3. Вашиот најдобар пријател е секогаш покрај вас.
4. Секогаш имате некој кој ќе ве грее за време на ладните ноќи... Поевтино е од термо!
5. Бракот е тим од двајца кои секогаш победуваат.
6. Најдобриот пријател ви е и љубовник.
7. Уживајте во сигурен секс - збогум на презервативите.
8. Сексуалните експерименти се добродојдени, без двоумење.
9. Некој ги знае сите ваши тајни и мани и сеуште ве сака.
10. Неморате сами да одите на досадни свадби и родендени.
11. Оженетите мажи повеќе заработиваат.
12. Финансиски сте посилни кога сте двајца.
13. Имаш со кого да го прославиш роденденот, годишнината и денот на вљубените.
14. Луѓето во брак се помалку склони кон депресија.
15. Имаш некој кој без проблеми ќе отиде да ти купи тампони.
16. Секогаш имап поддршка за остварување на своите цели.
17. Имате ли деца, двајца сте посилни.
18. Секогаш имате со кого да патувате или да одите на излет.
19. Да бидете во брак е ваш избор.
20. Партнерството е и утеха.
21. Кога се досадувате, се досадувате заедно.
22. Во добро и во зло, навистина звучи фантастично.
23. Меѓусебното надополнување е убаво.
24. Можеш да кажеш се што ќе ти текне.
25. Имаш некој со кој ќе можеш да го поделиш ПМС-от (и кој ќе те трпи).
26. Денот на вљубените може да биде кога и да посакаш.
27. Секогаш постои некој кој ќе ти донесе чај кога си болен.
28. Емоционалната поддршка на партнерот е непроценлива.
29. Единствено во бракот важи: Не е важно што купил, важно е дека мисли на вас.
30. Кога ќе почувствуваш тага, секогаш имаш рамо за плачење