
Може ли да се измери колку некого го сакате? Колку брзо чука заљубеното срце, колку трае романтиката, страста...?
Научниците тврдат дека во моментот кога се заљубуваме срцето тука нема главна улога. Мозокот е главен, се е работа на хемијата, а чуството кое го доживуваме е последица на мозочните активности и лачење на одредени хормони. Дури подоцна, кога ќе помине почетното "лудило", организмот ќе се смири и хормоните ќе се вратат во "нормала", срцето ја превзема работата во свои раце, па заљубеноста или преминува во подлабока емоција или исчезнува.
Научниците тврдат дека статистиката многу успешно собира податоци од љубовниот живот и без оглед на тоа што ниеден пар не е ист, некои законитости сепак постојат.
Љубовта трае четири години
Понекогаш ни се потребни само пет минути да се заљубиме, страста ја чуствуваме околу 12 месеци, додека рокот на траење на љубовта, со мали исклучоци, не е подолг од четири години. Биологот Хелен Фишер, која тврди дека моногамијата не е природна состојба на човекот, кажува дека љубовната статистика е многу прецизна, што научните истражувања го потврдуваат тоа, така што тие кои остануваат во врска подолго од десет години тоа го прават само поради морални, општествени или економски причини.
Свеж здив и првиот состанок
Секој ден околу три милиони луѓе одат на прв состанок, а на втор излегува скоро секој трет пар. Дури 48% од луѓето редовно излегуваат на состанок "на слепо", но само секој пети пар повторно се сретнуваат. Едно истражување спроведено на повеќе од пет илјади испитаници покажало дека 43% од испитаниците сметаат дека за првиот состанок најважно е да се има свеж здив, 17% најмногу внимание посветуваат на добра гардероба, 15% акцентот го саваат на парфемот, додека за 14% најважна е негувана кожа, за 10% убава коса.
Првиот впечаток е пресуден
Статистиката покажува дека најлесно е да го избркате потенцијалниот партнер ако сте негативни. Пред мажот да каже еден збор, од начинот на кој стои, односно дали е исправен или подгрбавен, жената стекнува дури 80% од првиот впечаток.
Што открива говорот на телото?
Кога машкото за прв пат и приоѓа на жената, таа 55% впечатокот за него го заснова на појавата и јазикот на телото, 38% на начинот на кој збори, а само 7% на тоа што всушност го кажува. Ако жената е заинтересирана да има и втор состанок, таа често ќе се смее на неговите шеги, ќе си игра со косата, ќе поцрвени кога ќе и се додели комплимент, ќе ги грицка усните, ќе се потпира на него. Знаци дека не е заинтересирана се избегнување контакт со очи, лажно смешкање или потполно сериозно лице, кратко одговарање, гледање во часовникот...
Експертите за запознавање на паровите тврдат дека идеално време за да се јавите на некој после првиот состанок е два до четири дена после првиот состанок. Ако се јавите прерано може да значи дека сте очајни, но никако не допуштајте да поминат повеќе од пет дена.
Секој пети пар се венча
Сексот за една ноќ го доживеале дури 57% од мажите и 40% од жените. Кога ќе се помине "критичниот" прв состанок, од тие што ќе почнат врска, 34% од нив се разделуваат помеѓу третиот и петиот месец. Раскинувањата воглавно се случуваат во кафулињата, додека 34% од врските се прекинуваат преку телефон. Најчестата причина за раскинување е тоа што запознаваат некој поинтересен, додека 23% ја прекинуваат врската поради сиромашен секс без фантазија. Нешто помалку од половина парови после некое време губат интерес за партнерот, околу 28% раскинуваат поради прељуба, додека 5% ја прекинуваат врската поради преселување на партнерот во друг град. Се венча скоро секој пети пар, се разведуваат 30% од нив, а 5.4% од паровите никогаш не застануваат пред матичар.
Брак,секс и неверство
Дури 56% од луѓето кои се во брак и врска се незадоволни од нивниот сексуален живот, но за тоа не разговараат со партнерот. За неверство подготвени се 26% од луѓето, најмногу во Турција ( каде дури секоја втора личност има тајна врска), додека најмалку паралелни врски има во Израел.
Статистиката покажува дека обидот да ја обновите врската со бившиот или бившата во најголем број случаи завршува неславно. Единствени околности кога е можно да се обнови врската и да се очекува дека ќе биде успешна е ако еден од партнерите ја прекине врската поради семејна трагедија или се преселил на друго место. Првата криза во бракот паровите ја доживуваат после пет години, додека до развод во 65% од случаите доаѓа после 10 години заеднички живот.
Online љубов
Статистиката покажува дека се повеќе луѓе се запознаваат online, па така секоја трета врска е последица од интернет познаства. Жената која става фотографии на сајтови за запознавање, добива два пати повеќе одговори по mail од тие кои немаат фотка.