
Сите жени тврдат дека имаат листа на доверливи машки пријатели.
Без разлика дали е во прашање либерална доза на искрени совети, заеднички 'шопинг' или некој безопасен флерт, постојат пет мажи кои се потребни на секоја жена.
Господин шармер
Ова момче е совршено друштво за добро расположение. Да се биде негова пријателка ви овозможува да се чувствувате среќен дури и во оние денови кога се останато во животот ви се распаѓа. Најдобар дел во врска со дружењето со шармер е тоа што тој помага да се чувствувате поубаво , кога мислите за себе.
Господин искрен
Кога жените се брутално искрени една кон друга, приказната завршува со безмилосна борба која од нив е "алфа". Но момците се извлекуваат дури и кога ќе не бомбардираат со совети кои не се баш пожелни, а ние не се чувствуваме навредени. Поголемиот дел од жените сакаат да поминуваат време со момци кои ги тераат да размислуваат за сопствените постапки, бидејќи на таков начин, таквите дебати и искрени разговори покажуваат како мажите ги гледаат жените.
Господин 'бубалица'
Иако жените генерално ги одбиваат типовите со големи очила, ни 'бубалиците' не се за отфрлање. Линеарната перспектива на овие момци кон животот често е добра пауза за жените. 'Бубалица' може да буде чудно друштво, но неговата моќ за техниката е извонредна, посебно кога знае да ви го поправи лаптопот и уште ако сака да дојде до кај вас да го направи. Плус, сите шанси се дека се високо образовани, со тоа ја поправаат социјалната слика што сте ја создале за вас.
Господин платонски
Мажите можат да бидат супер пријатели. Ако не постои скриен сексуален план, мажот и жената можат да делат силен автентичен однос. Машките пријатели од овој тип би требало да се при рака, за да ви ја вратат довербата во машкиот род кога некој од нив ви го скрши срцето.
Господин авантуриста
Со него никогаш нема да ви биде досадно. Ова момче ќе ве извлече од сигурната зона и ќе ви покаже како секогаш постои можност за изненадно бегање од секојдневието. Лошата страна на момците со слободен дух е тоа што никогаш нема да можете да ги врзете за себе, поради тоа што на нив секогаш им е потребен простор.