Што грешиме во нашата комуникација?

Komunikacija

Мислите дека го познавате вашиот партнер одлично и дека знаете дури и како дише, но сепак се карате. Американските експерти тврдат дека и кај оние парови кои се совршено вклопени постојат грешки во комуникацијата. Причина за тоа е различното функционирање на машкиот и женскиот мозок. Погрешен због, висок тон или погрешно избран момент, другата страна може да го разбере како провокација, недостаток на интерес или емоционално заладување.

Многу парови имаат лоша навика во комуникацијата. Тие грешки се толку мали, но ако често се повторуваат, слабее врската помеѓу партнерите- тврди американскиот психолог Стив Стефенс.
Една од најчестите грешки е започнување со разговор додека другата страна е зафатена. Жените мора да знаат дека мажите се слаби во извршување на повеќе задачи во исто време. Додека се пред ТВ или компјутер или нешто поправаат, не е поволно време за разговор и испрашување. Машкиот мозок тогаш е исклучен од се останато, кажуваат психолозите. Надобро е да прашате ''Дали си во гужва?'' или ''Имаш ли време?''. Од друга страна, мажите грешат кога почнуваат разговор додека жената е зафатена. Тие тоа го прават поради тоа што не сакаат подлабоки разговори, па бараат момент кога и жената не е спремна за такво нешто.

Избегнувајте ги воведите

Сакате да му кажете на партнерот нешто што не би му се допаднало- и воведот како што е, ''ова нема да ти се допадне'', ќе го вознемири веднаш, дури и ако темата не била толку важна. Ситуацијата подобро ќе ја ублажите со соодветен тон и мирен гест- три минути максимум. Приказната не би требало да тае повеќе од три минути и при тоа мора да се фокусира на суштината. Причината е едноставна-по три минути се губи коцентрацијата за една тема и потребна е пауза. Прекинете ја приказната со некое прашање за да видите дали го интересира тоа што му го кажувате.

Ништо премногу искрено

Искрените но негативните забелешки може да ја навредат другата страна. Истото се однесува и на поставување на прашања на кои може да добиете разочарувачки одговор. Откријте го само тоа што може да биде конструктивно за вас, а избегнете го она што прави повеќе штета од корист.

Без попатни приказни

Планирате да го повикате пријателот на гости, но на него тоа сте му го кажале само во поминување. И тој тоа го дознава дури пред доаѓање на гостите. Потрудете се внимателно да ве слуша, не го изоставувајте и кажете му за се што планирате без исклучок.


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 14 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport