
Жените кои донесуваат одлуки во бракот и во приватниот живот имаат секс поретко од оние кои дискутираат за опции со своите мажи, покажало истражувањето.
Домаќинките кои сакаат да му наредуваат на мажот во куќата се и до 100 пати подолго без секс од жените кои донесуваат важни одлуки за домакинството заедно со мажот или целото семејство, покажало истражувањето на Džon Hopkins Blumberg, школата за јавно здравје во Baltimor.
Во прашање се одлуките врзани за дневниот и неделниот буџет, купување на храна, посета на семејствата и пријателите, одење на лекар и слични проблеми.
-Како се зголемува бројот на одлуките во кои жената го има последниот збор, времето на последниот секс се зголемувало од три до 100 пати. Што почесто жената донесувала одлуки во бракот( се однесува на тие кои одлучуваат со мажот), помалку е вероватно да има секс, па со тоа имала и подолги периоди на апстиненција- објаснил вонредниот професор Мишел Хиндин.
Иако првата помисла е дека желбата на мажите опаѓа кога жената ''ги носи панталоните дома'', експеритите тврдат дека не е баш така. Всушност, некои жени ја воспоставуваат контролата во куќата воспоставувајќи контрола над одлуката колку често ќе има секс со мажот.
-Разбирањетоа на тоа како положбата на жената во домаќинството може да влијае на нивната сексуална активност може да биде суштински дел во заштита на сексуалните права на жените и да им се помогне да имаат сигурен и пријатен сексуален живот. Меѓутоа конкретните решенија ќе бидат потребни за дополнителни истражувања и анализи- кажал ко-авторот на студијата, Keri Muntifering.