Што жените ги привлекува кај женкарите?

Zenkar

Тие знаат да ги кажат вистинските работи во вистинско време, знаат да бидат внимателни и многу шармантни. Но, во крајна линија тие се оние поради кои жените страдаат. Зашто тогаш остануваат со нив?

Жените кои се во врска со женкарите често предизвикуваат изненадување кај другите луѓе кои се прашуваат, што такви паметни и способни жени прават со мажи кои ги изневеруваат на секој чекор? Таквите прашања највероватно себе си,си ги поставуваат и самите жени кои заглавиле во лошиот однос, но незнаат да ја објаснат причината. Зашто се случува тоа? Ви носиме десет причини поради кои жените најчесто остануваат во однос со женкарите.

Женкарите знаат да ги кажат вистинските работи во вистинско време.
Тешко е да го препознаете неговото вистинско лице, кога ви кажува колку сте паметни и убави и дека многу му се допаѓате.Неговите слатки зборови може да ве убедат дека другите грешат, дека само тој е во право.

Женкарите знаат да направат ситници поради кои ќе мислите дека се грижи за вас.
Меѓутоа ако подобро ги отворите очите, ќе сватите дека тие мали ситници немаат вредност.

Женкарите се одлични во кревет, што не е ни чудно со оглед на целата пракса која ја имале.
Сексот е тој кој за магепсува жената за да прифати да остане во врска со женкар, иако знае дека е потполно погрешен човек за неа.

Женкарите најчесто се згодни
Иако жените знаат дека книгата не се проценува по изгледот на кориците,сепак се задржуваат во нивно друштво поради тоа што ги импонира тоа што другите жени се вртат по нивните момци. Меѓутоа за врска е потребно нешто повеќе од изглед.

Жените најчесто паѓаат на женкарите кога се осамени, а сите нивни пријатели се во врска
Женкарите тогаш стануваат излез од непријатната ситуација. Проблемот е што ова решение не води никаде.

Некои жени остануваат со женкарите од сожалување

Бидејќи во некои ситуации се поставил заштитнички кон неа, таа чувствува дека нешто му должи. Според многумина, тоа е најлошо сценарио поради кое се врзуваат жените за женкарите.

Жените со 30 и нешто години се врзуваат со женкарите и поради ставот дека е време да се смират и да осниваат семејство.
Не дозволувајте вашите години да ве дефинираат и не се согласувајте со нешто што не го заслужувате само поради тоа што мислите дека е време да се омажите.

Жените остануваат со женкарите поради тоа што мислат дека ниеден друг дечко не е заинтересиран.
Не дозволувајте на себе си да останете во таков лош однос само поради тоа што мислите дека таму негде не постои вистински маж за вас. Тоа е само ваш субјективен впечаток

Подобро е со некој одколку сама
Не дозволувајте на себе си таков понижувачки став, заслужувате маж кој ќе ве направи среќна, а не несреќна и несигурна.

Многи жени мислат дека баш тие можат да ги сменат
Невозможна мисија. Не дозволувајте драгоценото време да ви отиде во ветер додека се трудите да поправите нешто што е невозможно да се поправи. Концентрирајте се на себе си и својата среќа.
 


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 14 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport