
Љубовта поттикнува за игри со кои партнерите сакаат да ги тестираат, своите и чувствата на партнерот.
Користат разни тактики за да го анализираат партнерот, но не гледаат дека со тоа на извесен начин манипулираат со избраникот и ризикуваат да си ја упропастат врската.
Еден од партнерите редовно се труди да го испита теренот, со не јавување, предизвикувајќи љубомора или заладувајќи ги односите, а со тоа всушност прави повеќе штета.
Изненадно заладување
Изгледа и имати навики како совршен пар, често се гледате, слушате. Разговарате за се отворено, се смеете. Тогаш од еднаш се престанува, ви изгледа дека целата врска е на вас и дека само вие се трудите. За тој кој ги споредува јавувањата и средбите, заинтересираноста на другиот представува навистина доказ за наклонетоста.
Случајни средби
Додека шетате, одеднаш се среќавате со неговите блиски пријатели или членови на семејството. Тој го заприметува вашето однесување.На него вашето однесување му открива дали сте спремни за обврска, врска со него, дали ви е непријатно.
Поттикнување љубомора
Ако одите на журка каде што ќе биде подолгиот список на бивши, а во таа прилика помине повеќе време со некоја друга одколку со вас, највероватно ги тестира вашите граници на љубомора. Наместо демонстративно да го напуштите, дадете му до знаење дека не сте заинтересирани за такви игри.