
Тој е згоден, паметен, забавен и ваш најдобар другар.
Проверете дали можеби сака нешто повеќе од пријателство?
Многу големи љубовни приказни почнале од пријателство. Тоа е универзална основа за среќна и долга врска. Ако вашиот најдобар другар се однесува вака, тогаш вероватно е заљубен во вас.
-Без оглед дали претходно сте се слушнале или виделе, обавезно мора да ви се јави пред спиење да ви посака добра ноќ
-Сака да знаете се за неговото детство, семејство, планови, надежи, соништа...
-Кога сте ја запознале неговата мајка, таа веќе знаела се за вас. Поголемиот дел на мажите не кажуваат на својата мајка за сите девојки и пријателки, само за оние кои многу им значат.
-Сексуалната тензија се чувствува во воздух. Приметете од време на време како неговиот поглед во тек на разговорот се губи во вашите очи.
-Ќе одбие натпревар и пиво со другарите за да со вас гледа филм.
-Често ви кажува дека е среќен што сте пријатели и дека покрај вас е подобра личност.
-Не останува долго во врска со девојката која не ви се допаѓа.
-Се држите за раце додека шетате низ град. Тоа е посесивен начин на кој сака да покаже на сите како сте повеќе од пријатели.
-Ги памти родендените на сите членови од твоето семејство и сите на вас важни датуми.