Грешки кои девојките ги прават на почеток на врска

Devojki Greski

Мудрата поговорка кажува дека на грешките се учи. Наместо анализирање на однесувањето на партнерот, објективно согледајте го вашето.
И најпаметните жени се склони да направат неколку од овие грешки во врската, посебно на почетокот.

Секогаш на располагање
Мажите не сакаат бесконечно да трчаат по вас, но не сакаат ни на секој повик да сте слободни, не е ни тоа привлечно. Не ги откажувајте сите планови секој пат кога ќе ве викне. Со тоа нема да постигнете ништо освен да помисли дека немате сопствен живот.

Верувате во секој збор
Заљубеноста може да ви го помати паметот. Меѓутоа, со тек на време би требало розевите очила да ги тргнете и објективно да ги согледате работите. Довербата е важна за секоја врска, но лесно да верувате понекогаш може многу да ве чини.

Се преправате дека сте некој друг
Мислите дека тој повеќе ќе ве цени ако сте друга личност, па сте се одлучиле да ја играте таа улога. Можеби сте ја добите битката, но во овој случај сте ја изгубиле војната. Би требало да знаете дека не можете засекогаш да се преправате и дека вашата игра порано или подоцна ќе биде откриена.

Сакате да имате контрола над се
Можеби желбата за контрола е во вашиот карактер, но пробајте на сите начини да ја спречите. Тој веќе има мајка, зашто му е потребна уште една личност која сака да го котролира неговиот живот?

Брзате за секс
Нема ништо полошо од секс со партнерот на првиот состанок, но ако сакате само минлива авантура. Кога е во прашање врска, ситуацијата е поинаква. Врската која започнува со секс ретко преминува во нешто посериозно.


Претходно во оваа категорија:
Некои жени свесно се обидуваат да го променат мажот
Најновото американско истражување докажало дека пос
    Жените не се ни свесни колкава сексуална моќ
  Доколку се наоѓате во фазата кога сте сами и не доб

Барај

 
Скопје 14 °C
Охрид 12 °C
  22.05.2012 White0

Соновник

Sonovnik



Македонски радија



Пријатели

Time.mk
GrabniPopust 1
Netpress
24fudbal
Ekipa
first
  
last
 
 
start
stop

RSS

Најчитани оваа недела

592242 251379174960146 1471821810 N

DakoSport